ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров за МИА: Законот за ЈО пред избори тест за сите дали се за ЕУ

Кој нема да гласа и нема да учествува во таков закон, во кој се вградените сите забелешки и сугестии на ЕК, не е чесен и искрен пред гласачите и пред граѓаните кога вели сакам ЕУ, но не сакам да го правам тоа што ЕУ сугерира дека треба да се прави за да се успее, нагласува Димитров.

January 16, 2020 15:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Конзистентност имаше во една од клучните пораки што вчера за време на посетата на Северна Македонија ја испрати еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји – неговата надеж и очекување законот за јавно обвинителство да се донесе во сегашниот парламентарен состав, пред изборите.

Ова во интервју за МИА го истакна шефот на дипломатијата Никола Димитров, кој вчера се сретна со Вархеји, откако еврокомесарот претходно имаше средби со сите високи државни претставници во земјава, со власта и опозицијата. Димитров имал можност да присустува на три од тие средби и тој верува дека прашањето за законот за јавно обвинителство пред избори било отворено на сите состаноци.

– Мислам дека на некој начин сите политички актери, вклучувајќи ја и опозицијата и нивниот лидер Мицкоски се пред тест дали тоа што постои во сите програми – највисокиот приоритет, европската интеграција, зачленувањето во Европската Унија, го пишуваме или велиме како декларација или сме спремни да се вложиме во тоа. Ако еврокомесарот, кој очигледно е наш сојузник и работи на таа агенда да го направиме конечно овој пробив во заслужената следна фаза, ако тој вели важно е ова да се донесе во сегашниот парламентарен состав, ќе се види дали сме само декларативни во заложбите и едноставно е. Кој нема да гласа и нема да учествува во таков закон, во кој се вградените сите забелешки и сугестии на ЕК, не е чесен и искрен пред гласачите и пред граѓаните кога вели сакам ЕУ, но не сакам да го правам тоа што ЕУ сугерира дека треба да се прави за да се успее, нагласува Димитров.

Шефот на дипломатијата потенцира дека сега сме ставени на тест дали ќе може ова да го издигнеме вон изборниот контекст и во тој случај во март, како што рече, „можеби би можеле да прогласиме една заедничка победа и на владејачката партија и на опозицијата, на цел народ, на некој начин и на целото општество или ова ќе го направиме предмет на меѓупартиски препукувања“.

Тој додава дека многу брзо ќе дознаеме за тоа како ќе помине овој закон во актуелниот парламентарен состав, а во интервјуто со министерот за надворешни работи се зборува и за Преспанскиот договор и неговата имплементација, можноста тој да се укине како што најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, за реалциите со Мицотакис, за новото законско решение за Министерството за надворешни работи, за концептот техничка влада и за неговите очекувања од претстојните избори.

 

Next Post

Бундестагот го одби предлогот сите граѓани да бидат потенцијални донори

НАЈНОВО

Советот на Град Скопје го усвои ребалансот на Буџетот; Ѓорѓиевски – завршува периодот на застој и започнува нова фаза на стабилизација и развој

November 14, 2025

Николоски очекува во декември да се избере изведувач за автопатите Скопје-Блаце и Кичево- Букојчани

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео X

(ВИДЕО) Руска ракета ја погоди амбасадата на Азербејџан во Кијив

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Минималната плата да биде 600 или 700 евра: Анкета на ССМ покажува силна поддршка за итно зголемување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk