ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ДКСК усвои Национална стратегија за спречување корупција и судир на интереси, ќе ја достават до Собрание

Стратегијата, предвидува и вклучување на граѓанското општество и медиумите во борбата против корупцијата во општеството, како и подигнување на јавната свест и спроведување на антикорупциска едукација.

January 17, 2020 13:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ја усвои Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси што во следните пет години треба да ја спроведат институциите, со цел да се обезбеди подигнување на довербата на граѓаните во системот.

Директорката на ДКСК Билјана Ивановска, на претставувањето на стратегијата, посочи дека ризични области во кои најмногу се препознаваат коруптивните однесувања се вработувањата, процесот на јавни набавки, контролната и надзорна улога и донесувањето одлуки.

– Како причини за коруптивно однесување во овие области констатиравме дека најсилни ризични фактори се политичкото влијание, отсуството на личен и институционален интегритет, недоволната транспарентност, отсуството на неказнивост и недоследностите и недореченостите во законската регулатива, изјави Ивановска.

Со реализацијата на целите и мерките од стратегијата, подвлече таа, треба да се обезбеди подигнување на довербата на граѓаните во институциите на системот, ефикасноста во користењето на јавните ресурси и јакнење на демократијата и општествените вредности.

– Главните цели на стратегијата се зголемување на нивото на политичка одговорност и свесно управување со политичкото влијание во јавниот сектор и спречување на политичко влијание во работата на независните тела. Јакнење на интегритетот и отчетноста во јавниот сектор. Спроведување на надлежностите во јавниот сектор на законит, транспарентен, етички, економичен, одговорен и ефективен начин. Обезбедување на интегритет и транспарентност при вработувањето и политиките за човечки ресурси во јавниот сектор базиран на систем на вредности и критериуми за квалитет. Јакнење на контролните и надзорни системи и дигитализација на сите сектори на јавните служби и намалување на  корупцијата во процесот на доделување грантови, субвенции и друга државна помош. Зајакнување на капацитетите и посветеноста на органите за спроведување на закон, на обвинителството и судството во откривањето и санкционирањето на корупцијата и јакнење на отпорноста на корупција во нивните редови, изјави Ивановска.

Стратегијата, нагласи таа, предвидува и вклучување на граѓанското општество и медиумите во борбата против корупцијата во општеството, како и подигнување на јавната свест и спроведување на антикорупциска едукација.

– Во поглед на успешна имплементација на стратегијата неопходно е обезбедување на потребните ресурси како предуслов за остварување на стратешките цели. Нашата комисија е надлежна да го следи остварувањето на мерките и активностите од стратегијата и да подготвува годишни извештаи до Собранието, изјави Ивановска.

Националната стратегија денеска свечено ќе биде врачена во Собранието, кое потоа треба да усвои. Во изработката на стратегијата биле вклучени претставници од повеќе институции, приватниот сектор, медиуми, граѓански здруженија, експерти и претставници од релевантни меѓународни организации.

Next Post

(ВИДЕО) „30 прашања“ со студент во „Кузман“

НАЈНОВО

Фото: МИА

Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

November 2, 2025

Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце

November 2, 2025
Фото: МИА

Во Кочани кандидатот на ВМРО–ДПМНЕ Владко Грозданов, прогласи победа

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk