Познатиот хирург Крис Вилсон изјави дека напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн ќе се врати на терените не порано од следната сезона и ќе го пропушти Европското првенство, пренесе МИА.
Капитенот на Англија се подложи на операција по повреда што ја доби во левиот бут. Тоа се случи за време на натпреварот против Саутемптон на 1 јануари.
По операцијата од Тотенхем објавија дека Кејн ќе продолжи со тренинзи во април.
– Мислам дека ќе биде аут шест месеци. Ако разговарав со играч од највисоко ниво, немаше да го заведувам и да му речам дека ќе се врати не порано од половина година по операцијата. Ако го оперирав, ќе му кажев да очекува да се врати за предсезонските подготовки. Знам дека во случајот со Кејн, тие зборуваат за април или мај, но јас би бил многу изненаден ако тој се врати во овој период, рече Вилсон, цитиран од „Индипендент“.