ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МЗШВ и МИОА со реакција за постапките на дополнителниот заменик министер за земјоделство Трипуновски

January 18, 2020 12:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По реакциите во јавноста за упадот на дополнителниот заменик министер од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство (МЗШВ) Цветан Трипуновски во Подрачната Единица Берово и снимањето на вработените со што беше нарушена нивната приватност и лични податоци, МЗШВ се оградува од постапките на истиот, реагира Министерството во соопштение.

Овие постапки, се вели во соопштението, не се пракса на функционирањето на МЗШВ туку се личен акт на Трипуновски со кој не се согласуваме и остро го осудуваме.

„Апелираме дополнителниот заменик министер во МЗШВ Цветан Трипуновски да се воздржи од вакви дејствија со кои се врши директно нарушување на имиџот на Министерството“, наведуваат во соопштението.

И од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) соопштија дека го осудуваат секој обид за злоупотреба и мобинг врз јавната администрација.

„Владата и МИОА, изминатите две и пол години посветено работат на тоа злоупотребите, партизацијата и мобингот врз јавната администрација да бидат дел од минатото. Дополнителните министри и заменици министри од опозицијата, во изминатите две недели, во континуитет се обидуваат нивниот начин за заплашување и ставање на администрацијата во партиски цели, повторно да го направат реалност“, се вели во соопштението од МИОА.

Упадот во подрачната единица на МЗШВ од страна на дополнителниот заменик министер Цветан Трипуновски, како што посочија од Министерството, го осудуваме и повикуваме притисокот врз јавната администрација да остане во минатото. Во таа насока, наведуваат од МИОА, повторно ќе биде објавена алатката за пријавување на притисок на работно место.

„Ги повикуваме техничките кадри на ВМРО-ДПМНЕ да се ослободат од матрицата во која се заглавени и конечно да почнат да работат во служба на сите граѓаните. Нивна улога е да придонесат кон спроведување на фер и демократски избори и ги повикуваме да работат во согласност со нивните надлежности“, стои во соопштението од МИОА.

Next Post

Дендиас: Германија направи грешка што не нѐ покани на конференцијата во Берлин

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk