ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска: Имаме коректен однос со Чулев, нема паралелни структури во МВР

– Во овој момент конкретни сознанија или некакви активности нема во однос на паралелни структури, но пораката е однапред пратена за да не се случи некаква непријатна ситуација во иднина, изјави Петровска.

January 20, 2020 13:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во интерес на граѓаните подготвена сум на соработка, но во нивен интерес подготвена сум и на решително спротивставување на секој обид на создавање паралелни структури и рушење на принципот на хиерархија и погазување на законите, порача на денешната прес-конференција во Владата дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.

На новинарско прашање дали ова е индиректна порака до министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, таа нагласи дека тоа е порака до сите припадници во МВР своите задачи да ги извршуваат согласно законите за внатрешни работи и за полиција. Заеднички ставови имаат за реформските ставови согласно агендата за пристапување на државата во НАТО и во ЕУ.

– Во овој момент конкретни сознанија или некакви активности нема во однос на паралелни структури, но пораката е однапред пратена за да не се случи некаква непријатна ситуација во иднина, изјави Петровска.

Дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Петровска информира дека има коректен однос со техничкиот министер Наќе Чулев, најголем дел од несогласувањата се надминати, рече, но сепак останува на ставот дека ќе поднесе кривична пријава. Одговарајќи на новинарско прашање за отворените прашања што ги имаат со Чулев, таа посочи дека тековно се решаваат, а засега состојбата што непријатно се предизвика, како што рече, со испраќањето на телеграмата од страна на министерот Чулев, е под контрола, а тоа е обврска на директорот на БЈБ. Токму затоа, нагласи, ја упатив пораката за почитување на хиерархиската поставеност во МВР.

Меѓу другото упати порака дека времето на партиски штабови во МВР е минато, исто како што е минато и времето кога полицијата правеше упади во невладини организации, тепаше студенти и апсеше новинари. Укажа дека секој еден што ќе се обиде да ги повтори старите методи со „едно ливче нека снема“ или добро познатото „фаќање за уши“, жестоко ќе се соочи со законот.

Во однос на предлогот на Чулев, Ристе Ставревски да биде началник на СВР Скопје, Петровска вели дека треба да се има предвид дека во 2016 година имало слични ситуации на несогласување на техничкиот министер со дополнителниот заменик-министер кои во различни судски постапки завршиле различно.

– Останувам на принципиелниот став дека лице, не е битно кое, што е вмешано или на било каков начин во минатото учествувало во вршење изборни притисоци, не треба да биде на една од челните позиции. Но на крајот на денот, секој носи политичка одговорност за кадрите кои ги предлага, рече на прес-конференцијата во Владата, дополнителната заменик-министерка Петровска.

Таа истакна дека претстојните избори се од исклучитено значење за сите граѓани во државата без разлика на нивната партиска или етничка припадност, период кој носи дополнителна одговорност врз сите членови на извршната власт своите функции да ги извршуваат во интерес на јавноста.

МВР, подвлече Петровска, ќе продолжи да ја гарантира безбедноста на граѓаните. Изминатите две години, како што рече, поставивме стандарди во работата на полицијата, според кои таа не може и не смее да биде злоупотребувана од ниту една политичка партија.

-Времето на партиски штабови во МВР е поминато, како што е минато и времето кога полицијата тепаше студенти, правеше упад во невладини организации и апсеше новинари. Секој еден што ќе се обиде да ги повтори старите методи со едно ливче нека снема или добро познатото фаќање за уши ќе се соочи со законот, порача дополнителната министерка.

Нагласи дека МВР има специфична структура на организационите единици, но единствена гаранција за професионално функционирање е законски применетиот принцип на хиерархија и управување со полициските задачи. Во таа насока

Претстојните избори се од исклучитено значење за сите граѓани во државата без разлика на нивната партиска или етничка припадност, период кој носи дополнителна одговорност врз сите членови на извршната власт своите функции да ги извршуваат во интерес на јавноста.

Во поглед на личните карти, а во пресрет на предвремените парламентарни избори дополнителната заменик-министерка Петровска одговарајќи на новинарско прашање, информира дека добивањето лични карти за граѓаните кои сакаат да го остварат своето избирачко право, нема да влијае на изборите. – Има стандардни обрасци, нема некоја промена. Процесот на издавање на лични документи во МВР е утврден во повеќе подзаконски акти на Министерството. Секој еден од раководните структури настрана од оние кои беа назначени во преодната Влада, имаат своја одговорност и улога. Имаме инструменти и како да го контролираме и како да го санкционираме евентуалниот обид за злоупотреба на тој процес. Во моментот тоа тече редовно и нема никакви злоупотреби, рече таа.

Next Post

ОН: Климатските мигранти не смеат да бидат вратени во земјите од каде побегнале

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk