ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Работните места да станат попривлечниза да се спречи одливот на квалификуван кадар

Од Стопанската комора на Македонија велат дека уште минатата година до Владата била доставена иницијатива за масовната миграција на младите од државата и за изнаоѓање на решенија за обезбедување на квалификуван кадар за потребите на бизнис секторот. Оттаму сметаат дека дуалното образование во средните стручни училишта е една од мерките која на долг рок ќе даде резултати

January 20, 2020 13:56
in ЕКОНОМИЈА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Работните места да се направат попривлечни и да се подигне свеста за можните ризици од одењето во странство се дел од начините како да се надмине проблемот со недостиг на квалификувана работна сила со кој се соочуваат компаниите по одливот на работна сила во европските држави.

Од Стопанската комора на Македонија велат дека уште минатата година до Владата била доставена иницијатива за масовната миграција на младите од државата и за изнаоѓање на решенија за обезбедување на квалификуван кадар за потребите на бизнис секторот. Оттаму сметаат дека дуалното образование во средните стручни училишта е една од мерките која на долг рок ќе даде резултати, но потребно е да се работи и на подигнување на јавната свест за важноста на средното стручно образование и за ризиците со кои би можеле да се соочуваат младите при одењето во странство.

– Имаме конкретни примери од некои компании кои ни кажуваат дека работници кои заминале во странство, сега се враќаат било поради тоа што не биле задоволни од условите што ги добиле таму или поради фактот дека не биле свесни оти трошоците за живот се многу повисоки за разлика од тука. Посочени ни се и случаи на определен тип на измами на работници кои се препраќаат во странство од агенции за ангажирање каде не им бил најден соодветен работен ангажман, истакна Елена Милевска-Штрбевска, главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија на денешната прес-конференција.

Германија е една од земјите во кои најмногу заминува квалификувана работна сила и каде на годишно ниво по различни основи се издаваат околу 10 илјади визи. Од земјите од Западен Балкан се примаат и работници со ниски квалификации, но полесно до виза може да дојдат лекарите и инженерите.

Според заменик-амбасадорот на Германија во земјава, Ото Граф, важно е компаниите да ги направат работните места попривлечни за да ги задржат младите во земјава. Со ваков проблем не се соочуваат компаниите во кои продуктивноста расте, бидејќи тие ги зголемуваат платите.

– Ова е проблем кај компаниите кои се ограничени од пазарните услови. Доколку продуктивноста расте, секоја компанија ги покачува платите, вели Граф.

Добивањето датум за преговори со Европската унија, според Граф, може да биде само мотив плус за германските инвеститори, но не и е главен фактор при одлучувањето да инвестираат.

– Датумот за преговори може да биде поттик, но не е суштински. Реформите ги правиме за нас, а не за Европската унија, порача Граф.

Next Post

„Дрисла“ се врати на Град Скопје

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk