ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Меѓаши“: Пратениците поактивно да се занимаваат со правата на децата

Во иднина потребно е освен на основните, акцент да се стави и на секундарни или терцијални права, како право на детско учество или слобода на говор, кои треба да изградат силни личности креатори на идните политики. Потребна е и поголема самоиницијативност на пратениците, бидејќи од тоа што тие ќе го донесат како законско решение зависи како ќе се реализира остварувањето на овие права.

January 21, 2020 13:01
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Правото на децата на соодветно образование и здравствена заштита, како и правото на здрава животна средина и чист воздух, биле темите на кои дискутирале македонските пратеници во последните шест месеци од минатата година. Во иднина потребно е освен на основните, акцент да се стави и на секундарни или терцијални права, како право на детско учество или слобода на говор, кои треба да изградат силни личности креатори на идните политики. Потребна е и поголема самоиницијативност на пратениците, бидејќи од тоа што тие ќе го донесат како законско решение зависи како ќе се реализира остварувањето на овие права.

Ова се пораките што денеска на прес-конференција ги упатија претставниците на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, а се резултат на Извештајот за застапеноста за детските права во работата на Собранието.

Од „Меѓаши“ истакнуваат дека нема голем напредок и покрај неколкугодишните укажувања кон пратениците да бидат проактивни, да предлагаат и усвојуваат решенија со кои ќе ги унапредуваат правата на децата, а не да чекаат само Владата да предлага закони, а тие да ги гласаат. Од  голема помош не биле ниту обуките на пратениците од соодветните собраниски комисии поквалитетно да работат за унапредување на правата на децата.

И натаму, вели претседателот на „Меѓаши“ Драги Змијанац тие само декларативно се залагаат за правата на децата. На клучни теми, како што е загадувањето на воздухот, која влијае на правото на живот на децата, потенцира тој, се водат дискусии без конкретни предлози, забелешки и решенија и ова прашање не е во фокусот на надлежните собраниски комисии.

-Ова треба да се промени во иднина. Од следниот парламентарен состав очекуваме да го промени ваквиот однос кон прашањата на правата на децата, да соработува со граѓанскиот сектор од кој може да добие поддршка и помош во изготвување решенија. Со овој извештај се утврдува дека нема проактивни улога на пратениците во однос на детските права колку што реално има потреба и колку што ние како граѓански сектор очекуваме, рече Змијанац.

Од Меѓаши очекуваат и политичките партии да вградат мерки за подобрување на правата на децата во нивните предизборни програми. Од институциите, меѓу другото, очекуваат забрзување на процесот на донесување закон за средно образование со кој ќе се овозможи право на учество и организирање на учениците, по примерот на Законот за основно образование. Се очекуваат и измени на Законот за семејство со цел воведување заедничко родителство во интерес на потребите н и правата на децата.

Next Post

Димитров од Давос: Крајно време е за чекор напред

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

November 5, 2025
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува да го игра бугарското сценарио и да ја понижува сопствената држава

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk