Одговарајќи на новинарското прашање на Алсат, „дали ќе ги повикате вашите функционери да ги повлечат своите роднини?”, министерот за јавна администрација, Дамјан Манчевски рече дека оваа тема веќе е завршена.
Тој потсети дека СДСМ ги повлече нивните функционери од спорните места и позиции, почнувајќи од пратениците, до министрите и другите високи ешалони.
„Ние нашите роднини ги повлековме, се повлекоа, Коста Костадинов ги повлече, еден куп пратеници други ги повлекоа”, изјави Манчевски.