Четворица млади луѓе, студенти на Машинскиот факултет од Скопје кои направија прототип на скејтборд за деца со посебни потреби се гости во студиото на „Слободна ТВ“ во емисјата „Утрински брифинг“.
-Нашиот факултет не е само за оценки и дипломи, туку само да го искористиме знаењето за нешто подобро, се согласивме да се обидеме тоа да го направиме и мило ни е што успеавме. Прототипот се покажа добро и во разговори сме со деканатот на факултетот да изработиме уште неколку варијанти- велат студентите од Машинскиот факултет во Скопје.
-Првично сакавме да видиме дали функционира сето тоа, но сега размислуваме и од медицински аспект, да ја промениме конструкцијата, наместо скејтборд да ставиме помагало, со кое би се добила една друга варијанта.
Студентите велат дека имале дискусии со стручни лица, со доктори и специјалисти, со физиотерапевти и тие многу им помогнале да увидат кои точки од телото на корисникот се критични и кои треба да се фиксираат. Разговарале и со родители.
-Насмевката која што ја добивме од првиот корисник на овој скејтобрд беше бесценета и тоа ни беше мотив да продолжиме да работиме,- кажаа во „Утрински брифинг“, Фросина Максимовска, Анастасија Игњатовска, Бобан Кусигерски, Ангел Анѓушев, млади студенти кои низ практична примена го користат знаењето добиено од факултетот каде што студираат.