Бразилскиот тенисер Жоао Олаво Соареш де Соуса (31) доби доживотна суспензија за корупција и местење на натпревари. Одлуката ја донесе Интернационалната тениска федерација (ИТФ), а покрај тоа, Бразилецот ќе мора да плати и казна во износ од 200.000 американски долари казна.
Истрагата покажа дека Соуса во периодот од 2015 година до 2019 година бил вклучен во лажирање на резултати на тениски мечеви на АТП и ИТФ турнири во Мексико, САД, Бразил и Чешка.
Тој беше прогласен за виновен по сослушувањето во текот на овој месец, но и за лоша соработка за време на истрагата, вклучувајќи и уништување на докази како и влијае врз тенисери да не користат максимум од нивните способности.
Најголем успех во кариерата на Соуса е 69. место на АТП ранг листата во април во 2015 година.