ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нема простор за паника од корона вирусот, од утре стартуваат превентивни мерки

Комисијата за заразни болести, по повод новите препораки на Светската здравствена организација за ширењето на корона вирус, кој веќе има епицентар во Вухан заклучи дека нема простор за паника.

January 26, 2020 11:53
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Простор за паника од корона вирусот во земјава не постои, но ќе се преземат превентивни мерки и од утре ќе се скенираат со термална камера патниците на летовите од Истанубл и Дубаи, кои имаат врска со регионот во Кина каде е жариштето на овој вирус.

Ова е заклучокот на Комисијата за заразни болести, што денеска со соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

-Комисијата за заразни болести, по повод новите препораки на Светската здравствена организација за ширењето на корона вирус, кој веќе има епицентар во Вухан заклучи дека  нема простор за паника. Ние немаме директна комуникација и директни летови со овој регион, тоа значи дека луѓето кои би дошле евентуално од таму се веќе неколкупати скенирани на другите аеродроми. Ние ќе преземеме мерки на превенција и веќе од утре за летови од Истанбул и Дубаи, кои имаат врска со овој регион во Кина, патниците ќе се скенираат со термална камера, изјави министерот.

Потенцира дека нашиот аеродром согласно последните евалуации е оценет на највисоко ниво и дека ги задоволува највисоките стандарди на детекција, рано препознавање и рана изолација доколку кај пациентите потенцијални заразени се најдат вакви симптоми.

На аеродромот ќе бидат активирани и лекарски екипи кои ќе прават преглед. Министерот посочува дека со оглед на тоа што е сезона на грип се очекува и многу лажни позитивни резултати и тие ќе бидат пуштени на домашно лекување.  За луѓето, потенцијални пациенти, што доаѓаат од регионот на Кина, од регионот на Вухан, а кај кои може да се јават симптоми, министерот најави дека од утре ќе биде објавен телефонски број на кој може да се јават за да бидат понатаму насочени каде да се јават во нашиот здравствен систем, за да не се јавуваат по матични лекари и амбуланти со цел тој вирус доколку постои да не се прошири. Сите други пациенти кои имаат симптоми на грип ќе го пратат нормалниот процес од матичен лекар кон Инфективната клиника.

Министерот потенцира дека имаме алгоритам на делување за лекување потенцијално доколку треба изолација и карантин. Вели дека согласно досегашните постапки, има огромно искуство кај експертите епидемиолози, експерти од областа на инфективната медицина во третманот на препознавање, превенција и рано откривање на овие пациенти кога беше случајот со епидемијата на ебола.

-Станува збор за вирус што дава многу слични симптоми на грипот. Може да помине со лесна средна форма, но и тешки форми како што еве веќе предизвикаа смрт кај пациенти заболени од овој вирус. Потенцирам дека тоа се пациенти кои се постари со намален имунитет и пациенти што имаат хронични заболувања, изјави министерот, кој потенцира дека во однос на пристигнувањето на вирусот преку стоки епидемиолозите сметаат дека практично тоа е невозможно.

Доктор Жарко Караџоски, член на Комисијата, појасни дека кај оние кај кои ќе се покаже сомнение на повисока температура ќе имаат посебен третман, односно екипа од аеродромот ќе ги интервјуира во заштитна облека дали доаѓаат од Вухан или околината и доколку се покаже дека имаат било какава симптоматологија ќе бидат тргнати во изолација. Тие што немаат симптоматологија ќе бидат упатени дома, но ќе им биде даден телефонски број и доколку има какво било зголемување на симптоматологијата со респираторно заболување ќе се јават.

Доктор Жарко Караџоски уверува дека  епидемиолошката служба е ставена во целосна приправност,  Инфективната клиника со сите свои капацитети може да одговори на сегашниот предизвик, дека Министерството за здравство ќе направи свој придонес во делот на дистрибуција, набавка и во доопремување на институции доколку се укаже потреба и оти министерот за здравство е во состојба да активира дополнителни екипи доколку се најде за потребно во овој момент.

Најважно, според него, е дека во моментов нема потреба од каква било паника. -На Балканот, истакнува, во ниту една држава нема сознанија дека има заболен од ова заболување, а слично како останатите држави кои се подготвуваат за ова и ние ги правиме истите подготовки и сме подеднакво во тек со сите, рече тој.

Посочи дека во моментов вакцина нема и дека тоа треба да го знае населението и дека најважна е превенцијата за заштита од овој вирус.

Next Post

Заев: Арачиново, нема кантонизација, има канализација

НАЈНОВО

Фото илустрација, генерирано со ВИ

Ново истражување сугерира дека ширењето на универзумот не се забрзува, туку забавува

November 6, 2025
Скриншот

Трамп: Светот би бил во депресија без американските царини

November 6, 2025

Концерт на Националниот џез оркестар и американскиот состав „Yellowjackets“ во НОБ

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk