Се сеќава ли некој на некогашната „надеж“ за македонската економија, Индиецот Субрата Рој, се прашува „Фактор“.
Во долгата судска постапка што се води против него, тој сега тврди дека се раздолжил кон големиот број штедачи кои ги финансираа неговите компании, но така не мисли Комисијата за хартии од вредност во таа земја, која ги покрена постапките.
Претседателот на Сахара, Субрата Рој во петокот во Врховниот суд на Индија тврдеше дека е чист во поглед на обврските што од него ги бараше регулаторот на пазарот, односно дека ги исплатил парите што требаше да им ги исплати на јавните штедачи во неговата групација на компании. Комисијата за хартии од вредност, односно регулаторот, го информираше судот дека тој платил само дел од доспеаните пари, вклучително и каматата, јавува The Economist Times.
Рој пред Врховниот суд тврдеше дека ги исчистил повеќето давачки кон штедачите во неговите компании, па побара судот да го повлече обезбедувањето што му било доделено.
Судот одби да ја смени претходната наредба за доделување на обезбедување за него, откако Комисијата за хартии од вредност, преку постариот адвокат Арвинд Датар и постојаниот советник Пратап Венугопал, се спротивстави на тоа.
Целиот текст ТУКА