ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Акредитивите на девет национални делегации меѓу кои и на Северна Македонија оспорени во ПССЕ

Актуелниот состав на Собранието на Северна Македонија со 46 жени парламентарки, односно со 38,3 отсто од вкупниот состав, се наоѓа на 21-то место на светско ниво. Но, во делегацијата во ПССЕ од шесте членови само две се жени, што претставува 30 отсто од делегацијата. Сепак, тоа не е доволно, делегацијата биде акредитирана.  

January 28, 2020 09:02
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Акредитивите на девет делегации во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) беа оспорени од различни причини на отворањето на зимската пленарна сесија, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

За шест од  делегации (Северна Македонија, Полска, Португалија, Сан Марино, Шведска и Швајцарија) оспорувањата се однесуваат на правилото на Собранието за родова рамнотежа, што предвидува дека националните парламентарни делегации мора да „имаат ист процент на членовите на недоволно застапениот пол барем еднаков на оној што е присутен во нивните парламенти и, минимум, еден член на недоволно застапениот пол назначен како застапник“.

Актуелниот состав на Собранието на Северна Македонија со 46 жени парламентарки, односно со 38,3 отсто од вкупниот состав, се наоѓа на 21-то место на светско ниво. Но, во делегацијата во ПССЕ од шесте членови само две се жени, што претставува 30 отсто од делегацијата. Сепак, тоа не е доволно, делегацијата биде акредитирана.  

За две други делегации (Молдавија и Шпанија), оспорвањето се однесува на правилото за политичка рамнотежа, што предвидува дека делегациите „мора да бидат составени на таков начин што ќе се обезбеди правична застапеност на политичките партии или групите што постојат во нивните парламенти“.

Акредитивите на националната делегација на Руската Федерација се оспоруваат од суштински и од формални причини. Суштинското оспорување се однесува на неодамнешниот предлог за промена на уставната рамнотежа помеѓу домашното и меѓународното право, како и ситуацијата во Грузија. Формалниот предизвик се заснова на фактот дека гласовите од окупираната територија на Крим беа земени предвид за изборот на рускиот парламент и дека одредени членови на руската делегација во моментот подлежат на санкции од Европската Унија

Оспорувањето на акредитивите на руската делегација од значителни причини ќе биде предмет на дебата во Собранието во среда попладне, врз основа на извештајот на Комисијата за следење на обврските земји членки на Советот на Европа. За сите други делегации, меѓу кои и таа на Северна Македонија, Комисијата за правила ќе го достави своето мислење до Претседателот, за што нема да се расправа во пленарна форма, доколку комисијата заклучи дека овие овластувања треба да бидат одобрени.

Next Post

Магла утринава по котлините, преку ден облачно со краткотраен дожд

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk