ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Жбогар: Северна Македонија да продолжи со реформите

Евроамбасадорот изрази надеж дека новиот Закон за Јавното обвинителство ќе биде усвоен пред Собранието да се распушти

January 28, 2020 19:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Идните заеднички односи меѓу Европската унија и Северна Македонија ќе се базираат на три столба поставени од Унијата и три приоритети кои земјата треба да ги заврши како обврски“, порача евроамбасадорот Самуел Жбогар во обраќањето на денешната тркалезна маса насловена „Патот кон НАТО и ЕУ –  предизвици и перспективи“ организирана од Советот на амбасадорите во соработка со кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски.

Според него, првиот столб на ЕУ се однесува на новата методологија на преговорите за членство што треба да ја претстави Европската комисија, вториот е во врска со одлуката за почеток на преговори на која од лидерите на ЕУ се очекува да се осврнат пред загрепскиот Самит во мај, и третиот е самиот Самит во Загреб, кој ќе се фокусира на економски развој и закрепнување на регионот.

Од друга страна, Северна Македонија, како што рече евроамбасадорот, треба да продолжи со реформите, особено во делот на правосудството, борба против корупција и организиран криминал и реформа во разузнувањето, со цел, како што вели, граѓаните да се сигурни дека сите се еднакви пред правдата, дека криминалот се санкционира и оти основните права се почитуваат.

Тој изрази надеж дека новиот Закон за Јавното обвинителство ќе биде усвоен пред Собранието да се распушти. Предложеното законско решение, како што вели Жбогар, е добра основа за да се донесе консензуална одлука. Евроамбасадорот апелира опозицијата и во овој случај да покаже конструктивност и посветеност на европската иднина на земјата.

Предвремените парламентарни избори, рече тој, претставуват можност земјата да покаже политичка зрелост, спроведувајќи кампања и избори согласно меѓународните стандарди.

Импементацијата на Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија треба да продолжи, бидејќи, како што вели, тие се позитивен пример во регионот за зајакнување на добрососедските односи.

На тркалезната маса говорници беа и амбасадори на земји – членки на ЕУ, амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз, наши поранешни амбасадори и претставници на СЕП, пренесе МИА.

Next Post

Најчевска: Кога неписмени ќе ти станат пратеници, па оди објасни ѝм

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk