Пратеничката на СДСМ Јагода Шахпаска во вечерашното гостување во емисијата Топ Тема на телвизија Телма, порача дека сè уште се свежи сеќавањата на режимот и насилствата што ги продуцираше ВМРО-ДПМНЕ.
„Граѓаните не го забораваат режимот на Груевски кога на 24 декември исфрлавте пратеници и новинари пред камери на очиглед на меѓународната и македонската јавност, да не ве потсетувам на 27 април, да не ве потсетувам на негативните извештаи од ЕК, да не ве потсетувам на провизиите на автопатите кога вие правевте корупција, да не ве потсетувам на АКТОР и други афери, да не ве потсетувам колега Ѓорчев на фрлање на луѓе во ендеци, рече Шахпаска.
Шахпаска рече дека ДПМНЕ ги кочи сите закони.
„ВМРО ДПМНЕ ги кочи сите закони коишто испорачуваат и адресираат проблеми на граѓаните, зошто го кочите Законот за отпис на камати и репрограмирање на долговите, зошто го кочите Законот за лустрација кој го користевте за лов на вештерки и неистомисленици на тогашнато владејачко мнозинство? Зошто Законот за легализација на земјиштето, зошто законот за урбанистичко планирање со 250 амандмани којшто ги усогласија заедно двете работни групи..понатаму за вишата раководна функција зошто се спротивствувате на тој Закон? Бевте против детски, против образовен додаток. 3 месеци го кочевте Законот за спречување на корупција.. не гласавте за Законот за минимална плата, излеговте…????, рече Шахпаска.