Петгодишниот Петар после комплексната операција на стомакот е во добра здравствена состојба и брзо закрепнува. Операцијата беше изведена од д-р Славица Литајковска, д-р Јетмир Зибери и д-р Лазо Јовчевски,напиша на Фејсбук министерот Венко Филипче.
„Во текот на минатата година, на Клиниката за детска хирургија изведени се над 1700 операции. Инвестираме во детската хирургија. Во склоп на детска хирургија функционира оддел за интензивно лекување, кадешто во 2019 година успешно беа третирани над 150 деца од неонатална хирургија и од другите области на детска хирургија за кои имаше потреба од интензивно лекување.
Оваа јавно-здравствена установа на сите деца им ја дава потребната и неопходна здравствена заштита. На Петар му посакувам што побрзо закрепнување и дружба со другарчињата.“, истакна Филипче.
*Фотографијата е одобрена од родител



