ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Калеска Ванчева: Опструкциите се да не се признаат предметите на СЈО

Според пратеничката Ванчева, потребата за донесување на закон и процесот се постари и немаат врска со случувањата поврзани со СЈО.  

January 30, 2020 23:18
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во дебатното издание на Топ Тема на Телма телевизија посветено на предлог-законот за Јавно обвинителство, пратеничката Калеска Ванчева уште еднаш ја нагласи потребата за донесување на законот за јавно обвинителство, и посочи дека суштината на застојот и целта на опструкциите од страна на опозицијата е да се оспорат предметите кои што се сработени од СЈО.
„Мислам дека и во текот на вчерашната и завчерашната дебата во Собранието веќе се покажа јавно зошто ние заглавивме на овие прашања, а тоа се две прашања. Се искажуваа технички, па за изборот, па дали е доволна дисциплинската одговорност застапена vis a vis овластувањата на јавните обвинители. Но верувајте дека сето тоа апсолутно нема врска, во смисла на камен на сопнување. Не. Проблемот е на две,  односно една нишка, а тоа како ние да дезавуираме (да не признаеме)  сè она што е сработено од страна на СЈО “, истакна Калеска – Ванчева.

Според пратеничката Ванчева, потребата за донесување на закон и процесот се постари и немаат врска со случувањата поврзани со СЈО.

„Ние бевме свесни на самиот почеток дека имаме потреба од нов Закон за јавно обвинителство, уште апсолутно кога не стануваше, не се проблематизираше ниту постоењето на СЈО, ниту кредибилитетот на СЈО и тоа беше влезено во стратегијата за реформи во правосудството“, посочи пратеничката Калеска – Ванчева во емисијата Топ тема.

Ванчева потсети дека има разлика меѓу сегашниот предлог и првиот концепт на законот кој предвидуваше опстанување на СЈО, но не беше прифатен од ВМРО ДПМНЕ. Новото решение предвидува решение за обвинителите и вработените кои беа дел од оваа институција.

„Обвинителите кои што работеа во СЈО, а потекнуваат од основни обвинителства, во ситуација кога се носи овој закон кога престанува СЈО, треба да се остави можност да конкурираат и повторно да бидат избрани во обвинителството за организиран криминал. Само тој начин е возможен. Сакаме да ја решиме оваа ситуација и тоа е единствен начин“ изјави Ванчева.

Next Post

Маричиќ: Врвен патриотски чин е да се гласа за законот за ЈO

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk