Ние сметаме на сите политички партии и пратенички групи за законот за ЈО. Имаме ограничување до 12 февруари, очекуваме секој да биде на ниво на одговорноста. Врвен патриотски чин е да се гласа за законот за ЈO.
Со овој закон ќе се обезбедни еден систем на независно јавно обвинителство. Време е да видиме дали може да смета на опозицијата за да имаме правна држава, изјави советникот на експремиерот Зоран Заев, Бојан Маричиќ.
-Времињата кога ВМРО-ДПМНЕ одредуваше што е уставно што не, завршија. Даштевски и Силјановска во Собранието на дебатата за законот за ЈО, предлагаа опозицијата да го бира јавниот обвинител, тоа е скроз легитимно бидејќи знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде во опозиција, изјави Маричиќ.
Тој додава дека единствен предлог за Јавен обвинител на ВМРО-ДПМНЕ бил Владимир Панчевски.
-Тоа беше изјава на лидерот на партијата Христијан Мицкоски. Панчевски е човекот кој го зароби судството, човекот кој го уништи АКМИС системот, тоа беше предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Маричиќ.