Најмалку пет лица загинаа, а три се повредени во експлозија на гас во една фабрика во Русија, соопштија службите за вонредни состојби.
Експлозијата се случила во централната Орловска област, а фабриката се урнала.
Руските медиуми јавија дека се повредени три лица државјани на Турција.
Тие се здобиле со изгореници и се префрлени во болница, пренесе АП.