ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: Единствена цел на ВМРО-ДПМНЕ е како да се ослободат виновниците од 27 април и одговорните пред СЈО

„Круцијална цел на ВМРО ДПМНЕ е како да го спаси криминалот. Затоа извртува тези и ја манипулира јавноста, каков што е примерот со завршните одредби кои предвидуваат дека самите обвинители ќе направат анализа колку обвинители им фалат и да се објават конкурси, а не како што тоа го преставува ВМРО ДПМНЕ дека политиката ќе има влијание“, рече Маричиќ.

January 31, 2020 10:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бојан Маричиќ, секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, во емисијата на телевизија 24 откри дека минатото лето ВМРО ДПМНЕ имале шанса да прифатат јавниот обвинител против организиран криминал и корупција да го предлага опозицијата, но низ преговорите станало јасно дека на ВМРО ДПМНЕ не му е важно кој ќе го избере обвинителот, туку како да прекине процесуирањето на предметите на СЈО.

„Проблемот со законот се знае што е, на ВМРО-ДПМНЕ единствено му е важно како да се затворат предметите, како поинаку да се сфати нивното однесување. Како можеме да имаме решение кога од другата страна на преговарате со луѓе кои се засегнати од иднината на предметите. Еве, ги повикувам утре, нека дојдат во 11 часот во собранието и нека ги изнесат своите предлози. Два дена ВМРО ДПМНЕ се повикува на ставовите на експертите при јавната дебата во парламентот за да се одбрани зошто не го гласа законот. Затоа, ако имаат искрен пристап сите тие забележки на експертите ќе ги преточат во предлози или амандмани и ќе аргументираме“,  изјави Маричиќ.

Очекувањата на СДСМ се дека сите пратеници, политички партии и пратенички групи ќе најдат начин како да се стигне до функционален закон затоа што рокот за донесување на законот изминува.

„Врвен патриотски чин е да се гласа законот и за државата и за граѓаните кои очекуваат правда и владеење на правото. Верувам дека сите ќе бидат одговорни. Една година преговараме со опозицијата, но ако само ви го наметнуваат затворањето на предметите на СЈО како главен и единствен предлог, тогаш нема договор. Време е да се знае на кого може да смета државата и на кого можат да сметаат граѓаните и кој сака правда и правна држава“- изјави Маричиќ.

Тој ги наброја петте точки кои се отворени за дискусија, и кои доминирале во јавната дебата во парламентот, а имаат врска со рокови, докази, прислушуваните материјали, критериуми за избор и за лична или институционална одговорност.

„Сите експерти во однос на спорните прашања беа на линија со ставовите на СДСМ, туку дали ВМРО ДПМНЕ има став за законот. Цел година им прифаќавме предлози, и таман ќе прифатиме серијал, тие на следниот состанок предлагаа нови и така во недоглед, но со една цел, да си ги спасат криминалците. Ќе нагласам уште еднаш законот овозможува силно и независно обвинителство, професионални обвинители и гонење на сите кривични дела и како можеме да очекуваме дека другата страна го сака сето ова кога тие ќе треба кривично да одговараат пред таквото обвинителство“, заклучи Маричиќ.

Утре е денот кога ВМРО ДПМНЕ има шанса да предложи амандмани, конкретни забелешки, за да може Владата веднаш да постапи по содржината на законот и следната седмица законот да се најде пред пратениците усогласен од сите партии. Маричиќ праша како законот ја блокира правдата, теза која неуспешно ја наметнува ВМРО ДПМНЕ.

„Круцијална цел на ВМРО ДПМНЕ е како да го спаси криминалот. Затоа извртува тези и ја манипулира јавноста, каков што е примерот со завршните одредби кои предвидуваат дека самите обвинители ќе направат анализа колку обвинители им фалат и да се објават конкурси, а не како што тоа го преставува ВМРО ДПМНЕ дека политиката ќе има влијание“- заврши Маричиќ.

Next Post

Филипче ги пренесе препораките од СЗО за заштита од коронавирусот

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk