ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Петрески: Економијата е жртва на политиката

-Не не изненадуваат резултатите дека функционирањето на правната држава им е важна на граѓаните, со оглед на последните индикатори за транспарентност, кои покажуваат нефункционално владеење на правото. Тоа ја поткопа и економијата. Веруваме дека економијата ќе растеше доколку имаше поголема сигурност. Оттаму владеењето на правото треба да биде стожерен фокус на политичките партии во програмите. Било кое поместување кое ќе им даде на бизнис секторот и граѓаните една поголема сигурност, односно конзистентност при спроведување на законите, ќе влијае и на економијата- вели Петрески.

January 31, 2020 10:07
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Не се изненадувачки резултатите од најновото истражување за јавната перцепција на „Finance think“ кои покажуваат дека граѓаните посакуваат функционално владеење на правото пред сè. Но пред се, на државата и фали долгорочна стратегија на која граѓаните ќе можат да и веруваат со цел да го планираат својот живот во Македонија. Ова е еден од заклучоците на Благица Петреска, извршна директорка на  „Finance think“ во Македонија, искажан во денешниот „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

-Не не изненадуваат резултатите дека функционирањето на правната држава им е важна на граѓаните, со оглед на последните индикатори за транспарентност, кои покажуваат нефункционално владеење на правото. Тоа ја поткопа и економијата. Веруваме дека економијата ќе растеше доколку имаше поголема сигурност. Оттаму владеењето на правото треба да биде стожерен фокус на политичките партии во програмите. Било кое поместување кое ќе им даде на бизнис секторот и граѓаните една поголема сигурност, односно конзистентност при спроведување на законите, ќе влијае и на економијата- вели Петрески.

Петрески потенцира дека економијата е жртва на политиката, пред се поради нестабилноста манифестирана преку чести избори.

-Имаме чести избори. Во текот на тие процеси, економијата се движи многу бавно..практично се чека да се видат кои ќе бидат следните политики и тие програми потоа се кратки. И тоа не му дозволува на бизнис секторот да планира долгорочно- вели Петрески.

Како клучни фактори кои треба да помогнат за достигнување на задоволително ниво на потенцијалот во државата, Петрески пред сè ги издвојува образованието и здравството, кои според истражувањата на „Finance think“ се исто така приоритет за граѓаните.

-Подобрувањето на квалитетот на образование и на здравството се следните две теми кои граѓаните сметаат дека треба да бидат во фокусот. Не видовме подобрување кај овие две гранки кои пак се мотор на граѓаните. Се работи за клучни сервиси кои ги нуди државата, кои пак треба да ја подобрат состојбата на граѓаните. Ако се подобри квалитетот на овие два сектори, ќе имаме далеку подобра основа за прогрес на економијата- вели Петрески.

Нo можеби најважното, заклучува Петрески, е дека нам ни фалат долгорочни стратегии и конкретни планови за економски раст, за вработеност, со цел да се генерира пораката кај младите дека без разлика кој ќе ја води државата, тие ќе можат да планираат долгорочно.

Next Post

Џонсон: Ова не е крај, туку почеток

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каде го загубивме чувството за срам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk