По две и пол години водење силна и одговорна економска политика направивме економски пресврт. Од БДП -1,8 %, постигнавме просечна вредност на БДП од 3,5%, напиша утрово на Фејсбук премиерот Оливер Спасовски.
Од минимална плата 9.000 денари, сега имаме минимална плата од 14.500 денари, а просечната плата изнесува 25.787 денари. Невработеноста во третиот квартал во 2019 година е намалена на рекордно ниски 17,1 %, додава Спасовски.