ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Англискиот останува официјален јазик на ЕУ институциите и покрај Брегзит

Регулативата на ЕУ за работните и официјалните јазици на употреба во институциите се дополнува со секое ново проширување на ЕУ. Сите јазици на земјите членки се официјални јазици за институциите, но работните јазици се англискиот и францускиот.

February 3, 2020 16:10
in ДЕНЕС

Со истапувањето на Обединетото Кралство од Европската Унија на 31 јануари годинава, ЕУ нема ниедна земја членка во која англискиот е официјален јазик, но тоа нема да ги смени правилата во институциите на ЕУ за сега, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова денеска на редовната прес-конференција на Европската Комисија го потврди портпаролот Ерик Мамер.

Тој рече дека јазичните правила на институциите на ЕУ остануваат исти бидејќи произлегуваат од регулатива на ЕУ, која може да ја модифицира Советот на ЕУ, но ова за сега не е предвидено.

Регулативата на ЕУ за работните и официјалните јазици на употреба во институциите се дополнува со секое ново проширување на ЕУ. Сите јазици на земјите членки се официјални јазици за институциите, но работните јазици се англискиот и францускиот.

Дневните прес конференции во Европската Комисија се одржуваат на овие два јазика, додека пак Колеџот на еврокомесари работи на овие два јазика плус германскиот. Доколку некоја специфична земја членка е засегната од одредена дискусија се додава и нејзиниот јазик во усната процедура.

– Ниту една промена не е предвидена и ќе продолжиме со задоволство да говориме на англиски и француски во оваа прес-сала, како и на сите други јазици за време на работните состаноци, изјави Мамер

Next Post

Жан Моне дијалог: Пратеничките партии постигнаа согласност за големо преуредување на Деловникот на Собранието

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Медведев парично казнет за инцидентот на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk