ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бизнисмените од СКСЗМ на средба со Заев испорачаа очекувања за економијата

-Ние сме во процес на изготвување програма за настап на предвремените парламентарни избори. Многу често тие програми се преточуваат во владини програми. Она што ќе ни го укажат коморите за она што е нивно секојдневие ќе биде вградено во таквите документи за да може да се работи поуспешно во создавањето на подобри економски услови во нашата земја за нашите компании, рече Заев.

February 3, 2020 15:56
in ЕКОНОМИЈА

Реформи во државните институции за олеснување на работата на бизнис секторот, реформи во правосудниот систем и образованието, како и поголема посветеност на развојот на инфраструктурата, се прашањата на кои, меѓу останатото, претставниците на Стопанската комора на Северозападна Македонија од политичкитите партии очекуваат да стават акцент во предизброните програми.

Ова претставниците на Комората му го пренесоа на претседателот на СДСМ Зоран Заев на денешната средба, која е дел од традиционалните состаноци кои се одржуваат со политичките партии во предизборниот период.

-Ние сме во процес на изготвување програма за настап на предвремените парламентарни избори. Многу често тие програми се преточуваат во владини програми. Она што ќе ни го укажат коморите за она што е нивно секојдневие ќе биде вградено во таквите документи за да може да се работи поуспешно во создавањето на подобри економски услови во нашата земја за нашите компании, рече Заев.

Тој рече, дека слушањето на предлозите и забелешките на компаниите, и нивно вградување во програма ќе овозможи нивна поголема мотивација да инвестираат, да создаваат профит, што, како што рече, ќе овозможи пораст на БДП, трговијата, извозот, но и да се отвораат повеќе квалитетни работни места и да растат платите.

Претседателот на СКСЗМ истакна дека целата на денешниот состанок е презентација на нивната економска платформа и разговори околу потребите на бизнис секторот.

Бизнисот, според него, бара поголема негова присутност и вклученост во донесувањето на економските одлуки кои влијаат на неговото работење.

– Дел од нашите барања веќе се истакнати претходно, а се однесуваат на реформи во државните институции, правосудниот систем,  образованието и инфраструктурата која е најбитна во моментот. Ваќе е автопатот Скопје – Блаце, царинскиот терминал во Јажинце, зоната Визбегово која бараме да има посебен третман како зона бидејќи има приходи над 300 милиони евра и над 8 000 вработени, рече Хоџа.

Претседателот на СДСМ, истакна дека на реализацијата на дел од овие барања работела Владата во изминатите години, како и оти со соработката ќе се продолжи и во наредниот период.

Next Post

Обвинителен акт против македонски државјанин и тројца Пакистанци за криумчарење мигранти

НАЈНОВО

Фото: Скриншот од виедо на ВВС

ФБИ го истражува пукањето во училиштето во Минеаполис како антикатоличко злосторство од омраза

August 28, 2025
Фото: ФИБА Еуробаскет

Фаворитите убедливи на стартот на Евробаскет 2025

August 28, 2025

Премиера на документарецот „Време, вода, наследство: Охрид“, приказна за пливачкиот маратон

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Триатлонецот Јован Кутаноски утре ќе плива од Струга до Радожда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk