„До крајот на 2020 година пензиите ќе пораснат до 900 денари, и ќе се зголемуваат заедно со растот на економијата, покачувањето на минималната и на просечната плата.
Сега просечната пензија изнесува 15.500 денари и е зголемена за 1.746 денари, во однос на 2016 година кога беше 13.754 денари.
Зголемувањето на пензиите не се финансира со задолжувања, како што тоа паушално го правеше претходната власт, туку е резултат на домаќинското работење на СДСМ и спроведувањето на пензиската реформа.
СДСМ успеа да го стабилизира пензискиот систем и да го намали дефицитот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за 3 милијарди денари. Истовремено приходите во фондот се зголемени за 10 проценти.
СДСМ се грижи за сите граѓани, и го враќа достоинството на луѓето кои ја градеа оваа држава и го трасираа патот за младите.
По 12 април продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат економски раст, подобрување на животниот стандард и повеќе пари во семејните буџети“, додаваат оттаму.