На прашањето дали Бишев има учествувано во кредитното задолжување на Владата за отплаќање на доспеаните аниуитети, Бишев со одговор дека банките мораат да водат сметка за својата ликвидност.
Каде обично се бараат парите? Се разбира во банките. Од што зависи кредитирањето на стопанството? Се разбира од банките. Народот вели дека банките се преполни со пари, но дали има пласман за толку пари, е најавата на новинарот Александар Чомовски, кој утрово во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ разговара со професорот Глигор Бишев, прв човек на Шпаркасе банка.
-Признание за банките е дека народот им верува во нивната стабилност. Кога човек ќе ги депонира парите знае дека се на сигурно место. Од друга страна тоа е општествено штедење кое банките треба да го преработат и пласираат. Имајќи предвид дека во банкарската индустрија има вишок на пари истото се случува и во Македонија. Од тој аспект банките заедно со компаниите и со малите треба да го подготват и да најдат здрави проекти за да ги пласираат тие средства и на тој начин да се забрза економскиот просперитет на Македонија- рече во „Утрински брифинг“, професорот Глигор Бишев, прв човек на Шпаркасе банка.
На прашањето дали Бишев има учествувано во кредитното задолжување на Владата за отплаќање на доспеаните аниуитети, Бишев со одговор дека банките мораат да водат сметка за својата ликвидност.
-Банките го финансираат пред се приватниот сектор, но за да се одржува ликвидноста тие мораат да пласираат средства на т.н пазар на пари, а најголем позјмувач на пари на светско ниво е државата заедно со државните институции – железницата, телекомуникациите … Слична е ситуацијата и во Македонија.
Денеска каматните стапки не се проблем, вели професорот Бишев, тие се најниски на историско ниво.
-Каматната стапка за обврзницата што ја емитираше Македонија на 7 години на меѓународните финансиски пазари котира со камта 1,1 до 1,2 проценти во евра. Инвеститорите, кредитиниот рејтинг на Македонија го сметаат за исклучително добар. Проценката е дека економскиот раст се стабилизира. Да се надеваме даека во идниот период преку реализација на структурни реформи ќе се зголемува- рече Бишев.




