ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шкријељ: Центрите за социјални работи функционираат без никакви пречки

-На овој начин се зголеми квалитетот на работа на стручните работници, кои лани летото добија историско зголемување на платите од вкупно 26 отсто за една година. Центрите континуирано добиваат стручна помош од Министертвото за труд и социјална политика и од меѓународните организации, преку менторирање и супервизија, а предвидена е и дополнитена стручна помош и обуки соодветно на потребите, се вели во реакцијата од кабинетот на Шкријељ.

February 4, 2020 15:01
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи со денешната прес-конференција уште еднаш потврди дека работи против интересите на граѓаните, продолжувајќи да шири невистини и пропаганда за наводно неработење на Центрите за социјални работи. Граѓаните треба да ја знаат вистината, а тоа  е дека центрите за социјални работи функционираат без никакви пречки и сите реформи кои се направени изминатиот период носат само бенефит на корисниците на правата и услугите, се вели во реакцијата од кабинетот на дополнителната заменик министерка Санела Шкријељ на тврдењата на министерката Мизрахи дека се вршат притисоци врз вработените и раководствата на Центрите за социјални работи.

Техничката министерка за труд и социјална политика,  како што стои во реакцијата, уште пред да седне во министерската фотеља требало да знае дека новиот начин на функционирање на ЦСР го намалил обемот на работа затоа што врзувањето на правата и услугите довело до намалување на бројот на домаќинства за кои еден стручен работник ќе биде одговорен.

-На овој начин се зголеми квалитетот на работа на стручните работници, кои лани летото добија историско зголемување на платите од вкупно 26 отсто за една година. Центрите континуирано добиваат стручна помош од Министертвото за труд и социјална политика и од меѓународните организации, преку менторирање и супервизија, а предвидена е и дополнитена стручна помош и обуки соодветно на потребите, се вели во реакцијата од кабинетот на Шкријељ.

Системот на работа и организација на центрите за социјална работа (ЦСР), велат оттаму, е во процес на реорганизација и прилагодување на новите законски решенија.

-На процесот му претходеше темелна анализа на која Министерството за труд и социјална политика работеше со домашни и странски експерти, со поддршка на Светска банка, УНИЦЕФ и УНДП. Беше констатирано дека начинот на организација на центрите е неопходно да се промени и да се воведе интегрирано водење на случај како метод на работа, се истакнува во реакцијата.

Од Кабинетот на Шкријељ потсетуваат дека Законот за социјална заштита е донесен и стапи во сила во мај лани. Обуките за примена на новиот начин на работа на центрите за социјална работа, потсетуваат, почнаа уште во 2018 година. Биле обучени сите стручни работници и 30 отсто од стручните работници во центрите за вработување. Откако законот стапил во сила, извршени биле втора серија на обуки на сите стручни работници.

-Законот дефинира дека стручните работници во работа со кориснисците на социјална заштита го применуваат принципот на водење на случај, што подразбира еден стручен работник да работи со едно домаќинство, истовремено се проценуваат потребите и се даваат права и услуги, се вели во реакцијата.

Со тоа, додаваат од кабинетот на дополнителната заменик министерка, на граѓаните им се олеснува пристапот до правата и услугите.  Ако се стремиме кон ЕУ, велат оттаму, треба да ги следиме европските и светските трендови на имплементирање на методот на интегрирано водење на случај, како најдобра пракса за корисниците на правата и услугите од областа на социјалната заштита.

Next Post

Пендаровски: Очекувам шпанска ратификација следниот месец

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

November 5, 2025
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува да го игра бугарското сценарио и да ја понижува сопствената држава

November 5, 2025
Скриншот

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk