ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во пораст бројот на заболени од рак, годишно 7.807 нови случаи

Министерот Филипче истакна дека во изминатите две години направиле значаен чекор напред во третманот, дијагнозата и превенцијата на малигните заболувања. Потенцира дека во изминатите две години почнале и завршиле процесите кои значат дека во државава сега нема пациент кој чека лек за малигна болест, има 30 нови молекули на најсовремена терапија, а сите тие лекови се сертифицирани од оргиналните производители.

February 4, 2020 12:41
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Се зголемува бројот на заболени од карцином во државава. Годишно се дијагностицираат 7.807 новозаболени од кои 2.700 имаат карцином на белите дробови и на дојката. Годишно умираат 4.116 од заболените од карцином, изјави за МИА претседателот на Здружението за борба против рак „Борка – за секој нов ден“, Биба Додева.

Здружението денеска во своите простории го одбележа 4 февруари, Светскиoт ден за борба против ракот на кое присуствуваа министерот за здравство Венко Филипче, директори на клиники, доктори и пациенти. Додева рече дека Светскиот ден за борба против ракот се одбележува од 2000 година и целта е да се здружат владите, институциите, невладиниот сектор за да се подигне свеста за превенција, рана дијагноза и современ и навремен третман на заболените од рак.

Министерот Филипче истакна дека во изминатите две години направиле значаен чекор напред во третманот, дијагнозата и превенцијата на малигните заболувања. Потенцира дека во изминатите две години почнале и завршиле процесите кои значат дека во државава сега нема пациент кој чека лек за малигна болест, има 30 нови молекули на најсовремена терапија, а сите тие лекови се сертифицирани од оргиналните производители.

– За заболените од рак на дојка има прволиниска и второлиниска терапија, има најсовремена биолошка терапија за третман на малигна болест на белите дробови, кожата и на мозокот. Во сферата на ракот на дојката има двојно читање на мамографските слики, што значајно го намалува ризикот од грешна интерпретацијата. Во сферата на ракот на грлото на матката имаме најсовремена четиривалентна вакцина за која се повеќе млади жени и девојки покажуваат интерес да се вакцинираат. Целокупниот дел на партиципација сега го покрива државата. Ниту еден пациент кој има малигна болест не само за процесот на лекување на основната болест, туку и за сите контролни прегледи сега не плаќа партиципација. Од страна на ФЗОМ се дадоа и нови ортопедски бесплатни помагала, првпат градник и ракавица за пациентките кои се оперирани од карцином на дојка, рече Филипче.

Додаде дека во сфера на лекувањето има значаен напредок во делот на торакалната хирургија, целосно нова операциона сала според најсовремени стандарди каде ќе се оперираат пациенти со карцином на бели дробови и дојка, на Клиниката за хематологија има нови методи за лекување на карцином на крвта за што претходно пациентите беа испраќани во странство…

Николинка Котевска, која четири пати е оперирана од карцином на тироидната жлезда, на грлото и на дојката, изјави дека не се чувствува веќе болна. Посочи дека има преживеано и мозочен удар, блокада и реанимација на срцето, а добила и дијабетес.

– Карциномот не го викам карцином, туку проклетник затоа што напаѓа и млади и стари и е најголемиот убиец. Јас сум денес здрава жена. На болните им препорачувам да не се предаваат, да мислат позитивно, да се борат и ќе победат. На сите жени им препорачувам порано да одат на предгледи, да вршат самопрегледи на дојките. Се спасив бидејќи болеста навреме ми беше откриена и на тироидната жлезда и на дојката и на ларингот, рече Котевска и се заблагодари за третманот од лекарите и за поддршката од Здружението „Борка“.

Next Post

МП: ВМРО-ДПМНЕ може да достави амандмани на законот за ЈО, сè друго е алиби

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk