ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЖРСМ Транспорт: Незаконски е прекинот на железничкиот сообраќа

Раководството на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, според соопштението, во изминатиот период одржало повеќе состаноци со синдикатот на кои било укажано дека побарувањата од машинскиот и извршен персонал за зголемување од 30 на 40 проценти на надоместот на плата за квалитет, се надвор од финансиските можности на Друштвото

February 4, 2020 16:55
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

ЖРСМ Транспорт АД-Скопје соопшти дека прекинот на железничкиот сообраќај што стартуваше изутрина во седум часот е незаконски. Претседателот на Независниот синдикат на машинскиот персонал Душко Чакаровски, без да достави соодветна документација, се претставува како претставник на целокупниот машински и извршен персонал во претпријатието и незаконски поттикнал и предизвикал прекин на железничкиот товарен и патнички сообраќај, стои во соопштението, пренесе МИА.

Раководството на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, според соопштението, во изминатиот период одржало повеќе состаноци со синдикатот на кои било укажано дека побарувањата од машинскиот и извршен персонал за зголемување од 30 на 40 проценти на надоместот на плата за квалитет, се надвор од финансиските можности на Друштвото.

Железничкото претпријатие  го соопштува износот на исплатените плати во просек за машиновозачите, односно во октомври вкупната нето плата со исплатен трошок за километар изнесувала 44.995, во ноември 44.070, а во декември 47.665 денари. – Ова е просек за сите машиновозачи во ЖРСМ Транспорт АД-Скопје и тој е далеку над просекот на плата што се исплаќа во државата, напоменуваат од Железници Транспорт и додаваат дека наспроти тоа платата на дипломиран инжинер во Железници Транспорт кој не е на раководна функција изнесува 26.000 до 27.000 денари.

– Во Колективниот договор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје т.е. од одредбите од член 207 до член 214, кои се однесуваат на правната категорија – штрајк во ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, како и наша Тековна состојба од ЦРСМ од која може да видите дека Друштвото е основано од Владата на Република Северна Македонија и дека врши дејност од посебен општествен интерес, а тоа е меѓународен и внатрешен транспорт на стоки и патници со железнички превозни средства, наведуваат од железничкото претпријатие и дополнуваат дека платата за декември за сите вработени во ЖРСМ Транспорт АД-Скопје е покачена за пет проценти. 

Останатите синдикати во ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, стои во соопштението, не го подржуваат штрајкот предводен од машиновозачот Чакаровски.

Тој пак сподели известување што од раководството е адресирано до сите синдикати и раководители на одделенија во претпријатието, а во кое е наведено дека прекинот е незаконски и оти се известуваат вработените дека одбивањето да вршат тековни работни задачи претстаува потешка повреда на работна обврска согласно со член 48 и член 49 од Колективниот одговор на ЖРСМ.

Како што изјави за МИА Чакаровски, барањето за зголемување од 30 на 40 проценти на надоместот на плата за квалитет, им е врз основа на Колективниот договор за дополнителна работа и работење со намален број на извршен персонал. Надомест од 40 проценти им бил исплаќан до пред антикризните мерки во 2008 година. Зад организацијата на бојкотот на работата, тврди Чакаровски, не стои ниту една синдикална организација, односно во него се вклучиле 99 проценти од машинскиот персонал од различни синдикати, но и работници кои не членуваат во синдикатите.

Претходно министерот за транспорт и врски Горан Сугарески апелираше машиновозачите да продолжат со работа, истакнувајќи дека е подготвен повторно да преговара со нив, но, како што вели, не по цена на уцени и нарушување и штета на работењето.

Треба да продолжат со работа, сите треба да се покажеме државно општествено одговорни затоа што секој застој таму на сите  бројни проблеми што ги има 30 години во делот на долговите коишто ги имаат, да не се прават нови, бидејќи тоа е интерес и за државата и за нив, изјави Сугарески.

Поради бојкотот на машиновозачите, што стратуваше изутрината во седум часот, во целосен прекин се и товарниот и патничкиот сообраќај. Со возниот ред во патничкиот сообраќај се предвидени сообраќања за Велес за Битола, Кочани, Гевгелија, Кичево и Табановце.

Next Post

Обљуба во Липково врз малолетно дете

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk