ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Богоев од Вашингтон: Силна поддршка од САД во последните чекори кон полноправно членство во НАТО

-Денеска светот ја препознава нашата држава како позитивен пример, од каде што доаѓаат и позитивни вести. Од заробена држава прераснавме во земја која решава децениски спорови по мирен пат, а демократијата и вклученоста на јавноста во одлучувањето секојдневно се унапредуваат. Ова се вредности на земја која се движи по патот на европските интеграции и членството во НАТО- вели Богоев.

February 5, 2020 12:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, со потпретседателката на Националниот демократски институт (NDI), Шери Брајан и со други претставници од оваа невладина организација имаше работна средба во Вашингтон.

Напредокот на Република Северна Македонија и последните чекори кои земјата ги презема за полноправно членство во НАТО Алијансата, како и нашиот пат кон Европската Унија,  беа главните теми на разговор, на членот на Извршниот одбор на СДСМ и градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев, со потпретседателката на Националниот демократски институт (NDI), Шери Брајан и со други претставници од оваа невладина организација.

Средбата се реализира во рамки на посетата на Богоев на Соединетите Американски Држави, во Вашингтон и неговото учество на Националниот молитвен појадок.

На оваа средба, Богоев информираше и за последните случувања во нашата држава, функционирањето на техничката Влада задолжена за спроведување на предвремените парламентарни избори, како и за процесите кои се одвиваат во Собранието.

-Денеска светот ја препознава нашата држава како позитивен пример, од каде што доаѓаат и позитивни вести. Од заробена држава прераснавме во земја која решава децениски спорови по мирен пат, а демократијата и вклученоста на јавноста во одлучувањето секојдневно се унапредуваат. Ова се вредности на земја која се движи по патот на европските интеграции и членството во НАТО- вели Богоев.

Исто така, стана збор и за зголеменото учество на млади во политиката, како и за унапредување на работата на општинските совети кои се претставнички органи на граѓаните. Потпретседателката Брајан ја посочи можноста за поконкретна соработка со општините од нашата земја.

Оваа невладина организација, исто така соработува и со политичките партии во земјата, а реализираат и голем број на активности за улогата на младите и жената во нашето општество. Значен е придонесот на NDI и во работата на законодавниот дом. Па, така тие соработуваат со сите пратенички групи во Собранието и им помагаат во креирање на законски решенија кои навистина ги одразуваат потребите на граѓаните.

Имајќи предвид дека NDI е голем поддржувач на нашата земја и тоа директно го покажува преку работа со нашите институции, граѓански организации и други општествени чинители, Богоев се заблагодари за нивниот придонес и ангажман.

Факт е дека Северна Македонија и САД се во цврсто стратешко партнерство, а поддршката која ја добиваат граѓаните од оваа светска сила е видлива во повеќе области од општественото живеење.

Next Post

Шекеринска: Ќе станеме членка на НАТО – со или без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk