ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Енергетската заедница препорача РКЕ да се стекне со статус набљудувач во ACER

-Писмото е потврда дека се што направи РКЕ во изминатите две години е верификувано од страна на ЕЗ. Во писмото е наведено дека РКЕ и де јуре и де факто ги исполнува критериумите на европското законодавство во однос на енергетиката. Во писмото на повеќе наврати се констатира дека сме покажале високо ниво на експертиза, стандарди и посветеност во однос на имплементирање на Третиот енергетски пакет во нашата земја, рече Бислимоски на денешната прес-конференција.

February 5, 2020 12:40
in ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) доби писмо од Секретаријатот на Енергетската заедница (ЕЗ) во кое директорот Јанез Копач го извести претседателот Марко Бислимоски, дека ЕЗ дава позитивно мислење РКЕ да се стекне со статус набљудувач во Aгенцијата за соработка на енергетските регулатори (ACER – Agency for the Cooperation of Energy Regulators) затоа што ги има исполнето обврските и условите од Третиот енергетски пакет.

Во анализата доставена од ЕЗ до ACER се нотира дека „РКЕ ја докажа способноста и посветеноста кон развивањето регулаторни правила под притисок и со висок квалитет и покажа целосна сопственост врз процесите и го искористи својот независен статус даден согласно законот. Регулаторот покажа подготвеност и способност да се спротивстави на потенцијалните влијанија врз независноста што му се дадени според законот и да ја одбрани својата автономија. РКЕ покажа највисока експертиза, стандарди и посветеност за навремено развивање на регулаторните правила како што се бара според Законот за енергетика и воспостави напреден пазарен модел со висок степен на пазарна ориентација. Според тоа, подготовката на регулаторните акти во секторот на електричната енергија може да се смета за завршена“.

-Писмото е потврда дека се што направи РКЕ во изминатите две години е верификувано од страна на ЕЗ. Во писмото е наведено дека РКЕ и де јуре и де факто ги исполнува критериумите на европското законодавство во однос на енергетиката. Во писмото на повеќе наврати се констатира дека сме покажале високо ниво на експертиза, стандарди и посветеност во однос на имплементирање на Третиот енергетски пакет во нашата земја, рече Бислимоски на денешната прес-конференција.

Тоа, како што посочи, практично значи дека РКЕ е на исто ниво како и регулаторните комисии за енергетика во сите земји-членки на Европската Унија.

-Секретаријатот на ЕЗ констатира дека во однос на заштитата на потрошувачите сме прво регулаторно тело во регионот кое воведе веб-алатка на која сите потрошувачи можат да ги споредат понудите на електрична енергија од страна на снабдувачите. Препораката од ЕЗ е испратена и до ACER со седиште во Љубљана, кое  е здружение на европските регулаторни тела на ЕУ формирано со посебна ртрегуатива, а не на доброволна основа. Со дописот се препорачува РКЕ да стане набљудувач во ACER што значи дека ги имаме истите права и обврски како сите земји-членки на ЕУ, единствено ќе немаме право на глас. Со тоа нашите вработени и експерти од РКЕ рамнопрвано ќе можат да учествуваат во сите работни групи кои функционираат во ACER, рече Бислимоски.

Верувам, додаде, дека и во рамките на ACER во наредниот период ќе покажеме дека сме регулаторно тело кое работи транспарентно и независно што веќе го констатира и Секретаријатот на ЕЗ во писмото.

-Кога ќе започнат преговоротие со ЕУ за поглавјето енергетика верувам дека најмалку работа ќе имаме во делот на регулаторната рамка што се однесува на нашата институција, бидејќи веќе добивме доказ дека сето тоа е имплементирано од наша страна, потенцира Бислимоски.

ACER е тело формирано од Европската Унија со мисија да им помага на националните регулаторни тела во извршувањето на нивната регулаторна функција на европско ниво и доколку е потребно, ја координираат нивната работа. Во него членуваат регулаторните тела за енергетика на ЕУ. Со статусот набљудувач можат да го стекнат земји што не се членки на ЕУ, ако ги задоволуваат критериумите поставени од страна на ЕЗ, а нашата земја по Црна Гора е втора во регионот што добива позитивно мислење за земја набљудувач.

Next Post

Почнува исплатата на повратот на ДДВ, граѓаните што скенирале ќе добијат 3,871 милиони евра

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk