Авио-компанијата „Етихад Ервејз“ од Абу Даби, која долго време се бори со финансикси проблеми, потврди дека продава 38 авиони на една инвестициска копмпанија и на една лизинг компанија, во договор вреден милијарда долари, јави Бета.
Ова е последната мерка за намалување на трошоците на националниот авиопревозник на Обеденетите Арапски Емирати.
Во соопштението „Етихад“ наведува дека продава 38 авиони, од кои 22 се „Ербас А330“ и 16 „Боинг 777-300Р“, во рамките на договорот со инвестициската компанија „ККР“ и лизинг компанијата „Алтава ер Ер Франс“.
„ККР“ соопшти дека уште при купопродажбата, остварена на почетокот на 2020 година, авионите „Боинг 777-300Р“ му ги враќа на „Етихад“ под наем, додека „Ербусите А330“ ќе бидат упатени на меѓународни клиенти.
Паралелно со продажбата на авионите, „Етихад“ ќе ја откаже или ќе ја намали поддршката на авио-компаниите во кои инвестирал, а меѓу нив се „Ер Берлин“, „Алиталиа“, „Ер Србија“, „Ер Сејшели“ и други.





