ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Почнува исплатата на повратот на ДДВ, граѓаните што скенирале ќе добијат 3,871 милиони евра

Лукаревска рече дека заклучно со 31 декември 2019 година исплатени се пари на 147.251 граѓанин во вкупен износ 157.780.662 денари и додаде дека се уште е во тек исплатата за првото тримесечие за оние граѓани кои имале грешки и направиле корекција на своите  трансакциски сметки.

February 5, 2020 12:43
in ЕКОНОМИЈА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Почнува исплатата од МојДДВ за второто тримесечје, односно за периодот октомври, ноември и декември 2019 година. На 197.819 граѓани ќе им бидат вратени 238.075.865 денари.

Ова го соопшти директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, која оцени дека мерката дава резултати, односно дека е популарна меѓу граѓаните и оти се бележи раст на наплата на ДДВ во перидот откако почна да се применува.

Мерката МојДДВ се применува од 1 јули 2019 година. До 31 јануари 2020 година апликацијата за скенирање фискални сметки ја имаат преземено 236.442 граѓани, скенирани се 66.885.228.000 фискални сметки, со вкупен промет од 32.456.740.434 денари, со вкупен ДДВ од 3.512.292.634 денари и поврат од 15 отсто е во износ од 526.843.896 денари, односно 8,567 милиони евра.

Лукаревска рече дека заклучно со 31 декември 2019 година исплатени се пари на 147.251 граѓанин во вкупен износ 157.780.662 денари и додаде дека се уште е во тек исплатата за првото тримесечие за оние граѓани кои имале грешки и направиле корекција на своите  трансакциски сметки.

-На секој граѓанин кој скенирал фискални сметки му следува поврат ДДВи ќе го добие повратот на својата трансакциска сметка, рече Лукаревска.

Таа потенцира дека мерката покрај повратот на ДДВ кај граѓаните ја исполнува и другата цел, намалување на сивата економија.

-Наплата на ДДВ е остварена во износ од 52 милијарди денари во 2019 година, што е за 5,7 проценти повисок од остварениот износ во 2018 година кога наплата на ДДв изнесува 49 милијарди денари. По воведувањето на МојДДВ, споредена со месеците јули-декември 2019 година со периодот јули-декември 2018 година покажува зголемување во просек за 11,2 проценти, рече Лукаревска.

Оцени дека преку оваа мерка сме во одлична соработка со граѓаните кои редовно пријавуваат нерегуларности поврзани со неиздавање фискални сметки на линијата 198.

– Пријавувањето е зголемено, така што за неправилности од почетокот на оваа мерка имаме вкупно 1687 во однос на периодот јули-декември 2018 година кога имало 741 пријава, рече Лукаревска.

Таа посочи дека во спроведените контроли констатирани се неправилности, како неиздавање фискални сметки, користење компјутерски сметки, непоседување на резервен фискален систем на опрема, како и непоседување и неевидентирање на податоци во книгата за дневен фиснансиски извештај и итна сметководствена книга.

Одговорајќи на новинарско прашање рече дека Управата за јавни приходи има направено контрола во фирмата поврзана со случајот на Лила Филиповска поради трасакцијата од 250.000 евра и дека кога ќе заврши целата постапка ќе соопштат подетална информација.

-Ние во конкретната фирма која што беше поврзувана   со конкретното физичко лице имаме спроведено и контрола, баш заради оваа трансакција. Исто така, странките беа кај нас на разговор, ни ја објаснија целата ситуација. За подетална информација ќе известиме штом заврши целата постапка, рече Лукаревска.

Во врска со случајот со инспекторот во УЈП Тетово кој беше приведен поради примање поткуп, рече дека станува збор за изолиран случај што не е честа појава во општеството.

-Очигледно дека станува збор за изолиран случај којшто не е честа појава во општеството. Генерално во УЈП максимално сме посветени на транспарентно и законито работење на сите инспектори и даночни контролори. Сепак, секој инспектор си одговара сам за себе колку ги почитува законските одредби и колку ја злоупотребува својата службена должност. Му благодарам на обврзникот што се охрабрил да го пријави ова дејство. Понатаму ќе видиме како ќе се одвива целиот овој процес за инспекторот којшто е и поранешен управник на Регионалната дирекција – Тетово, рече Лукаревска

Next Post

Читаме - бодеме очи

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk