ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Села: Една политичка партија не треба да го блокира донесувањето на законот за јавно обвинителство

Јасно е дека ЕУ бара да имаме нов закон за јавно обвинителство и една политичка партија не треба да го блокира неговото донесување, смета лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села. Според Села, новиот предлог – закон за јавно обвинителство треба да помине, но не „така, бланко“ како што предлага Владата, туку со искажаните забелешки од кои голем дел се веќе уважени.

February 6, 2020 13:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Јасно е дека ЕУ бара да имаме нов закон за јавно обвинителство и една политичка партија не треба да го блокира неговото донесување, смета лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села. Според Села, новиот предлог – закон за јавно обвинителство треба да помине, но не „така, бланко“ како што предлага Владата, туку со искажаните забелешки од кои голем дел се веќе уважени.

-Никој не треба ноншалантно да се однесува и да ја блокира надежта што ја имаме, дека во март ќе добиеме датум за преговори со ЕУ, истакна Села, одговорајќи на новинарски прашања пред денешниот работен состанок во Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ).

Во однос на законот, потсети, ставот на Алијансата е преточен во амандмани.  

– Нашиот став е дека треба да се чува Специјалното обвинителство и дека на негово чело треба да дојде обвинител од земјите-членки на ЕУ. Пратениците од Алијансата на средба со министерката за правда ги кажаа забелешките за новиот закон за јавно обвинителство и голем дел од нив се прифатени, рече Села.

Тој уште еднаш укажа што треба да се направи со правниот систем кај нас.

-Прво, да се врати Прибе 3 за да оцени до каде се исполнети препораките од Прибе 2, второ, експерти, судии и правобранители од ЕУ да дојдат и да ги отворат уште еднаш сите затворени предмети кои имаат врска со висок политички криминал и корупција зашто не може да бидеме земја во која за 30 години ниту еден политичар не е осуден за корупција и трето, по примерот на Украина, Молдавија, Грузија да се мониторираат однадвор сите судски постапки на оноа обвинителство што ќе го наследи специјалното, напомена лидерот на Алијанса за Албанците.

Треба да се отворат, дециден е Села, и политичките процеси за кои има многу сомнежи во јавноста дека се монтирани и дека во нив се наводно давани многу високи казни.

Next Post

Со над 1,5 милиони швајцарски франци Собранието ќе го унапредува своето работење

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk