ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Франс Прес: Атиџе, македонската пчеларка го шармира Холивуд

Кога Атиџе тргна да го пробува фустанот за доделувањето на Оскарите во Скопје, ѝ беа потребни „20 минути за да пропешачи 200 метри затоа што толку многу луѓе сакаа да направат селфи со неа“, вели Георгиев. „Луѓето ја обожаваат. Таа стана ѕвезда. Немаме друга опција освен да се справуваме со тоа“, вели Георгиев.

February 7, 2020 00:48
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

„На Оскарите в недела, обрнете внимание на Атиџе Муратова. Не можете да ја одминете. Таа ќе биде единствената македонско-турска гостинка облечена традиционално меѓу ѕвездената публика во театарот Долби во Холивуд.“ се вели во текстот на Франс Прес посветен на хероината Атиџе од „Медена Земја“, пренесе DW.

До моментот кога „Медена земја“- вистинска приказна за пчеларката – освои три награди на Санденс филмскиот фестивал, Атиџе живееше во земјена колиба без струја и вода во провинцијата на Северна Македонија.

Сега, тоа е првиот филм во историјата кој добил номинации за Оскар во две категории – најдобар документарец и најдобар странски филм, а Атиџе стана славна личност која холивудските ѕвезди ја застануваат на улица.

„Сара Џесика Паркер беше многу возбудена што ја сретна откако го гледала филмот“, вели продуцентот на „Медена земја“ Атанас Георгиев за агенцијата Франс прес.

Живеејќи среќно 56 години без телевизија, Атиџе не знаела за „Сексот и градот“, иако великодушно ѝ ја предвидела иднината на холивудската ѕвезда „гледајќи ѝ на кафе“.

Кога Атиџе тргна да го пробува фустанот за доделувањето на Оскарите во Скопје, ѝ беа потребни „20 минути за да пропешачи 200 метри затоа што толку многу луѓе сакаа да направат селфи со неа“, вели Георгиев.

„Луѓето ја обожаваат. Таа стана ѕвезда. Немаме друга опција освен да се справуваме со тоа“, вели Георгиев.

„Антрополошки не би требало да го правиме ова“, вели Георгиев за холивудската авантура на Атиџе, стравувајќи дека некои би можеле да ја гледаат „како лав во кафез“… „Но имаше голем притисок од јавноста во Македонија за нејзиното доаѓање на Оскарите“.

И навистина, контрастот не може да биде посилен од осамениот живот на Атиџе во Бекирлија, каде се грижи за своите пчеларници. Приказната која се случува во „Медена земја“ е толку перфектна парабола на нашето време, што Њујорк Тајмс го прогласи за „најдобар филм на годината“.

Критичарот А.О. Скот го нарече „Медена земја“, „ништо помалку од вистински еп, еколошка алегорија во вистинскиот живот и црна комедија за стариот проблем со себичните соседи“.

Во меѓувреме, филмската екипа ѝ помогна на Атиџе да се пресели во зимски дом поблиску до нејзините роднини во „најблиското село до цивилизацијата“. Формираната е фондацијата „Медена земја“ за неа, за семејството Сам, како и за пошироката заедница, а интернет донаторите откупуваат дел од „био медот“ кој го произведува таа.

Но далеку од тоа дека Атиџе е неписмена селанка.

„Таа е остроумна, многу интелигентна и зборува четири јазици од различни јазични групи – турски, македонски, албански и влашки“, вели Георгиев.

Георгиев вели дека голема заслуга за феноменалниот успех на филмот има „прекрасното срце“ на Атиџе. Но тој вели дека им помогнала и магијата од нејзината мајка „кралицата пчела“ на филмот.

„Мислам дека ни направи некаква магија за да внимаваме на нејзината ќерка откако ќе почине“, вели тој.

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

May 10, 2025

Македонскиот павилјон „Strada Brutalissima“ на Венециското биенале на архитектурата 2025 вброен меѓу 10-те највпечатливи

May 10, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани: Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има!

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова

    Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk