Пишува: РИСТО ЏАНГОВСКИ
– Мики, каде со тоа зеленото под мишка?
– Е јебига, не профункционира картицата… мора со здравствена книшка.
– На лекар а? А зошто ја викаат здравствена коа ја користиш само коа не си здрав?
– Неам везе.
– А шо мака имаш?
– Што неам…остеопороза, мононуклеоза, артериосклероза …
– Тибам? А менопауза? хихихихи
– Комуњариште, ти ме подјебаваш? Чек да дојат избори да видиш шо ќе ви напраиме.
– Гледајќи ги вашине неспособни министри и заменици министри у техничкава влада, више ни праите добра кампања!!!
– Ај, ај…да идам да фатам ред …
– Не те прашав…Со склероза како стоиш?
– Одлично.
– Аха…а се сеќааш на филмот коа онаа Бо Дерек се разголе?
– Како не бе…Цицка ко фар на шлепер…се забораа ли тоа?
– А се сеќааш, шо и напраија твоите вмровци на оваа држава? Оној дибекон у Пешта и неговата верна дружина? Не опљачкаа! Не вратија 20 год. назад. Се напунија пари и…
– Не се сеќаам…Ај бегам. Редот ќе ми го фатат.
– О.К. и не забораај…
– Шо?
– Апчиња за склероза да ти препише, тибам скапаницата, тибам…Дојди вечер до кај мене?
– Зошо?
– Да ти опнам една терапија за склерозата…БОМБИТЕ ЌЕ ТИ ГИ ПУШТАМ!