ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Жбогар: Да се донесе законот за ЈО за да се демонстрира посветеноста на европската иднина

– Комисијата не го стави Законот за јавно обвинителство како услов, но е нешто што треба да се направи од повеќе причини. Првенствено за граѓаните да веруваат во правда и дека ќе има одговорност за кривичните дела. Бидејќи е важно за повеќе земји членки, како демонстрирање на посветеност за владеењето на провото. На крај, исто така, бидејќи сакаме да покажете промена на начинот на мислење од што е минимумот потребен да се направи за отворање на преговори, кон тоа како да ги искористиме максимално преговорите за промена на нашата држава за младите луѓе да не си заминат, изјави Жбогар.

February 7, 2020 11:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Законот за јавно обвинителство треба да се донесе бидејќи со тоа ќе покажете промена на начинот на мислење од што е минимумот потребен да се направи за отворање на преговори, кон тоа како да ги искористиме максимално преговорите за промена на нашата држава за младите луѓе да не си заминат, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар, пред почетокот на брифингот со новинари за новата методологија на Европската комисија.

Жбогар ја повтори пораката од еврокомесарот за проширување Оливер Варели за Јавното обвинителство до сите политички чинители во Скопје.

– Комисијата не го стави Законот за јавно обвинителство како услов, но е нешто што треба да се направи од повеќе причини. Првенствено за граѓаните да веруваат во правда и дека ќе има одговорност за кривичните дела. Бидејќи е важно за повеќе земји членки, како демонстрирање на посветеност за владеењето на провото. На крај, исто така, бидејќи сакаме да покажете промена на начинот на мислење од што е минимумот потребен да се направи за отворање на преговори, кон тоа како да ги искористиме максимално преговорите за промена на нашата држава за младите луѓе да не си заминат, изјави Жбогар.

Комисијата ја заврши својата работа, подвлече Жбогар, нагласувајќи дека има уште работи што треба да се направат и од наша страна за ова партнерство.

– Има работи што се уште треба да се направат за да се демонстрира посветеноста на европската иднина од страна на Северна Македонија. Да се продолжи со добрите реформи, да се спроведат фер и демократски избори и да се продолжи со добрососедските односи, изјави Жбогар.

Повтори дека ова е одлична вест за Западен Балкан и вин-вин ситуација за ЕУ и Западен Балкан.

– За Европската унија бидејќи препозава дека проширувањето е стратешка инвестиција за унијата да биде стабилна и обединета. За регионот е важно бидејќи го реафирмира фактот дека полното членство е крајната цел на процесот. Целта на документот е да се рестартира и забрза процесот кој загуби дел од енергијата од двете страни, како и да се врати довербата на двете страни, речеЖбогар.

За двете страни, подвлече тој,  целта е да се премине од помалку за помалку на повеќе за повеќе.

– Тоа значи да се внесе повеќе искреност од двете страни на заедничкиот пат. За земјите кандидати тоа значи дека кога ќе кажат дека прават реформи, вистински да го реформираат општеството, а не само да се носат закони. Од страна на ЕУ значи искреност кога зборуваме за процесот на прошурување дека вистински мислиме дека патот води кон членство во ЕУ, порача Жбогар.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Словенија легализираше потпомогнато самоубиство

July 18, 2025

САД го отфрлија договорот на СЗО за пандемии

July 18, 2025

Филипче: Каја Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник за Скопје

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски, Мисајловски и Лафчиски на промоцијата на новите армиски артилериски орудија „Боран“ во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој навистина ја злоупотребува болката за Кочани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски втор ден молчи – дали поднел барање за бугарско државјанство?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk