Тајландски војник изврши масакр во градот Корат, убивајќи најмалку 20 лица, јавуваат локалните медиуми. Според „Бангкок пост“ тој зел 16 заложници. Во нападот има и голем број повредени. Тим од специјалните единици се подготвува да влеза во трговскиот центар, од каде, според тајландската полиција, се слушаат истрeли.
На социјалните мрежи се споделува снимка, на која се гледа голем пожар во близина на шопинг центарот.
#Video Large fire burns near shopping center in #Thailand‘s #Korat where a #soldier killed at least 10 people in mass #shooting Local media reports that the shooter livestreamed the attack #koratshooting#กราดยิงโคราช#ThaiPBS #Thailand
MASS PANIC IN THE SHOPPING MALL OF NAKHON RATCHASIMA, THAILAND AFTER A THAI SOLDIER HAS SHOT AT LEAST 12 PEOPLE DEAD AND CURRENTLY HOLDING SEVERAL HOSTAGES
ช่วงกันคนออกมาบางส่วนครับ#กราดยิงโคราช
Тајландските корисниците на Твитер објавија дека Фејсбук ја отстранил снимката во живо, на која беа прикажани убиствата на 12 лица. Во избришаните снимки, може да се слушнат звуците на рафали, некои луѓе преплашени бегаат од напаѓачот, додека други паѓаат погодени.
Медиумите објавија дека само неколку часа пред масакрот, војникот објавил бесен пост на Фејсбук во кој се вели дека „бара одмазда“.
„Дали луѓето кои се богатат со корупција и ги користат другите, сметаат дека можат да ги понесат парите со себе во пеколот? напишал напаѓачот.
Безбедносните камери од трговскиот центар наводно го забележале убиецот како ладнокрвно се шета по празните ходници со пушка во рацете.
เปิดวงจรปิด จับภาพคนร้ายกราดยิงประชาชนและตำรวจ โดยมีอาวุธสงครามครบมือ ก่อนหนีเข้าไปในห้างสรรพสินค้าเทอมินอล 21 โคราช #กราดยิงโคราช #Tempo
Напаѓачот украл неколку парчиња оружје и муниција од воената база, како и воено возило.