Општа еуфорија ја зафати македонската но и светската јавност со историските номинации во две категории на „Медена земја“. Покрај светската филмска елита, критичари, медиуми и филмски ѕвезди, на еуфоријата на вечерашните Оскари не одолеваат ни македонските политичари.
Владиниот врв и партиските лидери преку своите фејсбук профили со поддршка ја споделуваат својата возбуда со медените момци и девојки што вечерва ќе зачекорат на црвениот тепих во Холивуд и добиле или не статуетка, веќе ни ја израдуваа целата држава.
„Оскарите никогаш не биле повозбудливи за гледање. Вечерва да ја бодриме нашата медена екипа во трката за Оскари. Со вас сме Медени!“ – ќе порача лидерот на СДСМ Зоран Заев.
„Ја бодриме нашата #МеденаЗемја во трката за Оскарите.
Да не заборавиме: Номинацијата за Оскар во две категории веќе е историски успех.
Сите погледи вечерва се свртени кон Холивуд за да бидеме едно со тимот на #МеденаЗемја.“ – пемиерот Оливер Спасовски
„Ноќва Медена земја е центарот на светот. Има ли поголема гордост од ова? Благодариме Атиџе за животната лекција “Задржи половина за себе, а другата половина остави им ја на пчелите#
Напред Медени! Напред „Медена Земја“ – вицепремиерката Мила Царовска.
Церемонијата може да ја следите на ТВ Телма, започнува 20 минути после полноќ.
Ј. Ѓ.