Грција испратила вербална нота за постапката на министерката Рашел Мизрахи која деновиве ја сменила официјалната табла со уставното име во Министерството за труд и социјална политика и ја постави старата табла. Министерот за надворешни работи читајќи пасуси од грчката нота, потдети дека Грција е силен подржувач на интегративниот процес на Сверна Македонија а Преспанскиот договор е главниот столб на овие односи и процеси.
„Сакам да информирам јавноста фека за овој настан МНР ги информираше меѓународните партнери на Северна Македонија. Истовремено добивме и официјална реакција од соседна Грција во форма на вербална нота од 7 февруари. Ќе прочитам два пасуса од оваа нота: Оваа преставува грубо прекршување на член 13А и член 17 од договорот на Преспа и доаѓа по повторени прекршувања на овој договор на министерот за труд и социјална политкка и министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија. Амбасадата го посочува на внимание на министерството фактот дека договорот на Преспа кој што преставува штозер на односите меѓу Грција и Северна Македонија и кој што го овозможува влезот на Северна Македонија во НАТО и нејзината силна кандидатура за отворање на преговорите за пристапување кон Европска Унија со полна и активна оодршка од Грција, мора да биде доследно и постојано почитувано”, изјави Димитров.
Министерот Димитров побара јавно од премиерот Оливер Спасовски да предложи разрешување на текничката министерка Мизраби а и додаде дека нејзините активности преставуваат и кривично дело.
„Флагрантното кршење на Уставот повлекува пилитичка и правна одговорност. Доколку веднаш своето делување не го врати на линија и во рамките на Уставот, му сугерирам на претседателот на Владата, господинот Оливер Спасовски, да предложи нејзино разрешување до Собрание. Укажувам дека во нејзиното делување има елементи што можат да повлечат и кривична одговорност по членот 353 и 390 од Ктивичниот законик но тоа е веке работа на други државни органи”, изјави Димитров. Постапката на Мизрахи доаѓа по неколкуте јавни изјави на нејзиниот партиски претседател дека не го признава Преспанскиот договое и дека ке го смени уставното име ако го добуваат питребното мнозинство во изборите на 12 април. Од домашната и мрѓународната заедница ваквите најави се оценија како чекори кои земјата ја враќат години наназад и гу блокираат сите процеси за напредок и интеграции во евро атлантските структури.
А.Зеќири