ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Оскаровска ноќ за „Медена земја“

По 25 години нашата земја повторно има филм во трка за Оскар, првпат се случува да имаме две номинации, а првпат и во историјата на Американската академија документарен филм е номиниран во две категории.

February 9, 2020 09:03
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во театарот „Долби“ во Лос Анџелес ноќеска ќе бидат соопштени добитниците на Оскар за 2019 година во 24 категории, според гласањето на членовите на Американската филмска академија кое заврши во вторникот. „Медена земја“ е на чекор до Оскар во категориите документарец и интернационален филм.

Петчлената авторска екипа  – режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, снимателите Фејми Даут и Самир Љума, продуцентот и монтажер Атанас Георгиев и протагонистката  во филмот – пчеларката Атиџе Муратова ќе бидат меѓу холивудската елита на свеченоста на 92-рото доделување на најпознатата филмска награда.

По 25 години нашата земја повторно има филм во трка за Оскар, првпат се случува да имаме две номинации, а првпат и во историјата на Американската академија документарен филм е номиниран во две категории.

За најдобар документарец конкуренти на нашиот филм му се британско-американската копродукција „За Сама“, сириско-данскиот  „Пештерата“,  бразилскиот „На работ на демократијата“ и американскиот „Американска фабрика“.

Во категоријата интернационален (странски/неанглиски) филм, покрај „Медена земја“ во трка за Оскар се и јужнокорејскиот „Паразит“,  „Корпус Кристи“ од Полска, „Клетници“ од Франција и шпанскиот „Болка и слава“.

По објавата на номинациите пред четири недели, тимот на „Медена земја“ (Honeyland) им се заблагодари на членовите на Американската академија за тоа што филмот го нарекле  материјал  заслужен за Оскар.

– Среќни сме дека светските критичари и членовите на Академијата го препознаа крикот на планетата, кој ечи меѓу фрејмовите во филмот. Ја открија големината на човекот, преку големината на единката. Се разнишаа убедувањата дека радоста се крие во поседувањето. Ова не е само успех со историски размери, туку потврдува дека документарниот јазик влегува во ерата на негово вистинско вреднување и стои рамо до рамо со фикционалната нарација. Филмот повикува на скромност, а кога ја гледаме љубовта во очите на гледачите, силно веруваме дека пораката е препозната, објави тимот на „Медена земја“ по соопштувањето на двете номинации на 13 јануари.

Во меѓувреме  снимателите Самир Љума и Фејми Даут ја добија наградата за најдобра кинематографија од Американското здружение на кинематографери, која првпат е доделена за категорија документарен филм. Во Лос Анџелес на 25 јануари наградата им ја врачи режисерот на филмот „Џокер“, Тод Филипс, кој рече дека ова е златно време за документарните филмови.

Во пресрет на 92-то доделување на наградите Оскар, авторската екипа на нашиот наградуван филм присуствуваше и на традиционалниот оскаровски ручек кој за сите номинирани секоја година го организира Американската филмска академија.

На овој значаен настан беа и најпознатите личности од светот на филмот – Квентин Тарантино, Роберт де Ниро, Ал Пачино, Леонардо ди Каприо, Бред Пит ….

Нашата Агенција за филм соопшти дека номинациите во две категории се големо признание за македонската кинематографија и дека „Медена земја“ „стана синоним за раскошно филмско дело, совршен филмски производ и неверојатно чувство на гордост“.

-На 10 февруари со огромна возбуда очекуваме златната статуетка да биде во рацете на екипата на „Медена земја“, порача Агенцијата за филм, која за поголема промоција на филмот објави честитка во специјализирани списанија – во печатеното издание на „Холивуд репортер“ (Hollywood Reporter) и во електронското издание на „Скрин интернешенал“ (Screen International).

Оскаровската ноќ – меѓу најгламурозните настани на планетата што се пренесува во повеќе од 220 земји и територии во светот, по наше време  ќе почне во 2 часот,  а час и половина претходно ѕвездите ќе поминат на црвената патека пред театарот „Долби“.

Доделувањето на наградите ќе се пренесува онлајн на oscar.go.com, телевизискиот пренос кај нас ќе го има на ТВ Телма. Директно следење на шоуто по полноќ ќе организира и Младинскиот културен центар каде што претходно, од 22.30 часот, ќе биде прикажан „Медена земја“ и ќе настапи групата „Фолтин“ кои ја направија музиката за филмот. Влезниците се бесплатни и треба да се подигнат на билетарницата на МКЦ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

May 10, 2025

Македонскиот павилјон „Strada Brutalissima“ на Венециското биенале на архитектурата 2025 вброен меѓу 10-те највпечатливи

May 10, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани: Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има!

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова

    Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk