ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ратификацијата на Северноатлантскиот договор единствена точка на утрешната седница на Собранието

Станува збор за текст на договор кој е создаден на 4 април 1949 година и прв пат потпишан истата година во Вашингтон, а изменет со Протоколот кон северноатланскиот договор за пристапување на Грција и Турција, потпишан во Лондон на 17 октомври 1951 година.

February 10, 2020 15:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците во Собранието на 133 седница закажана за утре во 15 часот ќе гласаат за предлог-законот за ратификација на Северноатлантскиот договор, што е последен чекор на „домашен терен“ во однос на зачленување на нашата земја во НАТО-алијансата.

Станува збор за текст на договор кој е создаден на 4 април 1949 година и прв пат потпишан истата година во Вашингтон, а изменет со Протоколот кон северноатланскиот договор за пристапување на Грција и Турција, потпишан во Лондон на 17 октомври 1951 година.

Во договорот кој има само 14 члена, меѓудругото, се вели дека потписниците се обврзуваат, како што е утврдено во Повелбата на Обединетите нации, да решат каков било меѓународен спор во кој тие можат да бидат инволвирани, со мирни средства, на начин со кој нема да бидат загрозени меѓународниот мир, безбедноста и правдата и дека во рамки на своите меѓународни односи ќе се воздржат од закани или од употреба на сила, на каков и да е начин што не е во согласност со целите на Обединетите нации.

„Страните ќе придонесат кон натамошен развој на мирните и пријателски
меѓународни односи, преку зајакнување на нивните слободни институции, со цел да се овозможи подобро разбирање на принципите на кои се засноваат овие институции и преку промовирање на услови за стабилност и добросостојба. Тие ќе се обидат во своите меѓународни економски политики да ги отстранат судирите и ќе ја поддржуваат економската соработка меѓу некои од нив или со сите“, пишува во договорот.

Во него, се додава дека со цел што поефикасно да се постигнат целите на Договорот, страните поединечно и заеднички преку континуирана и ефикасна самопомош и заемна помош, ќе ги одржуваат и ќе ги развиваат своите индивидуални и колективни способности да спротивстават на оружени напади.

„Страните ќе се консултираат заеднички секогаш кога, според мислењето на било  која од нив, постои закана по територијалниот интегритет, политичката независност или по безбедноста на која било од страните“, се вели во договорот.

Тој предвидува согласност од потписниците дека оружениот напад против една или повеќе од нив во Европа или во Северна Америка ќе се смета за оружен против сите нив.

„Поради тоа се согласни дека доколку се случи таков оружен напад, секоја од нив, користејќи го правото на поединечна или колективна самоодбрана
признаено со член 51 од Повелбата на Обединетите нации, ќе и помогнат на
страната или на страните кои се нападнати, преземајќи – поединечно и во
соработка со другите страни, мерки што се сметаат за неопходни, вклучувајќи и употреба на оружени сили, заради возобновување и одржување на безбедноста
во Северноатлантската област.  За секој таков оружен напад и за сите мерки преземени како резултат на истиот, веднаш ќе биде известен Советот за безбедност. Таквите мерки ќе бидат прекинати кога Советот за безбедност ќе преземе мерки коишто се неопходни за возобновување и одржување на меѓународниот мир и безбедност“, пишува во договорот.

Во него, се дефинира дека оружен напад на една или повеќе страни се смета дека вклучува оружен напад на територијата, силите, авионите и бродовите на која било страна во Европа или Северна Америка, врз француските департмани во Алжир, на територијата на Турција  или на островите под јурисдикција на која и да е страна во Северноатлантската област.

„Договорот не влијае и нема да се толкува како да влијае на кој било начин врз правата и обврските кои произлегуваат од Повелбата за Страните кои се членки на Обединетите нации или на првичната обврска на Советот за безбедност за одржување на меѓународниот мир и безбедност“, пишува во договорот.

Next Post

Невремето во Европа усмрти најмалку пет лица

НАЈНОВО

Салиу: Меѓународниот ден на ромскиот јазик, не потсетува дека јазикот не е само средство за комуникација, туку и знак и на идентитетот, достоинство и духовна сила

November 5, 2025

Училиштата може да аплицираат за средства за реализација на активности за заштита од насилство, пороци, дискриминација, малолетничка деликвенција

November 5, 2025

Туфегчиќ за Онкологија: Во недостаток на аргументи и докази, многу е некоректно Обвинителство да се служи со сведоци кои ќе изнесуваат неосновани лични дискредитации

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk