ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сугарески: Ќе се работи на санација на охридското пристаниште

Тој преку социјалните мрежи истакнува дека денеска во Охрид започнува реконструкција на водоводната и канализациона мрежа на дел од ул. "Абас Емин, проект вреден 470 илјади евра. Тој информира и за текот на работите со краците од гасоводот при што нагласува дека во тек е подготвката на теренот за изградба на гасовод со краци од Охрид кон Кичево и од Охрид кон Битола. Сугарески нагласи дека се воспоставени  8 нови авиолинии од охридскиот аеродром кон европските метрополи и додаде дека ќе се работи и на санација на охридското пристаниште

February 10, 2020 18:08
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за транспорт и врски Сугарески денес е во Охридско-струшкиот регион во обиколка на теренските активности и работи што се во надлежност на министерството. Сугарески за овие активности ќе говори и на вечерашната седница на владата која ќе се одржи во Охрид.

Тој преку социјалните мрежи истакнува дека денеска во Охрид започнува реконструкција на водоводната и канализациона мрежа на дел од ул. “Абас Емин, проект вреден 470 илјади евра. Тој информира и за текот на работите со краците од гасоводот при што нагласува дека во тек е подготвката на теренот за изградба на гасовод со краци од Охрид кон Кичево и од Охрид кон Битола. Сугарески нагласи дека се воспоставени  8 нови авиолинии од охридскиот аеродром кон европските метрополи и додаде дека ќе се работи и на санација на охридското пристаниште.

„Во Струга, завршивме со изградба на секундарна мрежа за фекална канализација во с. Корошишта,  Ливада и Ложани и нејзино поврзување со транзитниот колектор. Во тек е изградба на централен цевковод за фекална канализација за селата Ложани-Биџево-Ливада-Делогожда-Корошишта и пумпна станица с. Ложани.

Во Дебарца завршивме со доизградба на фекална канализација за н.м. Мешеишта, а ја реконструиравме водоводнатс мрежа во с. Требеништа. Во тек на подготовка е проект за изградба на водоводна мрежа со резервоар за водоснабдување во село Издеглавје и село Слатински Чифлик.

Во Ресен подготвуваме проект за поврзување на куќни приклучоци на реконструираната водоводна мрежа во централно и пошироко подрачје во град Ресен. Исто така во рамки на декадата и стратегијата за вклучување на Роми, оваа година ќе се работи на проекти за подобрување на канализационата и водоводната мрежа во висина од 1,1 милион денари.

Во Вевчани подготвуваме проект за изградба на линиска инфраструктурна градба за изградба на канализациони линии.“, напомна Сугарески

Тој во својот пост ги наброи работите кои од патната инфраструктура кои се во тек, а се однесуваат на тој регион:

„Во тек е изградба на автопат КИЧЕВО – ОХРИД во должина од 57км.

– Во тек е изградба на регионален пат Крак 1 ОД Р 418 (ФАЗА 2) НА ПОТЕГ ФАБРИКА ВЕВЧАНКА – ЗДРАВСТВЕН ДОМ ВЕВЧАНИ, ОПШТИНА ВЕВЧАНИ во должина од 1 км.

– Завршена е рехабилитација на Р1208 ПОДМОЉЕ – ОХРИД во должина од 8,55км, вредност 1,4 милиони евра.

– Завршена е рехабилитација на Р1208 ПОДМОЉЕ – РАДОЖДА во должина од 4,1км, вредност 400 илјади евра.

– Завршена е рехабилитација на Р1301 ТРАНЗИТ НИЗ ОХРИД ДО БЕНЗИНСКА ПУМПА во должина од 5,6км, 800 илјади евра.

– Во тек е рехабилитација на ВРСКА СО Р1201 (СТРУГА-ДЕБАР) – ЛАБУНИШТЕ – БОРОЕЦ – ЈАБЛАНИЦА во должина од 1,80км, вредност 730 илјади евра.

– Во тек е рехабилитација на ТРАНЗИТ НИЗ ОХРИД (во правец Охрид-Битола) 1,88км, вредност 407 илјади евра.

Со почеток на градежната сезона ќе се работи на патните правци:

– СТРУГА – ДРСЛАЈЦА – БИЏЕВО – Д. ТАТЕШИ – МИСЛОДЕЖДА во должина од 7км, вредност 600 илјади евра.

– ВРСКА СО Р1201 (СТРУГА-ДЕБАР) – ВЕВЧАНИ – ОКТИСИ – ВРСКА СО А2 (СТРУГА – ГП ЌАФАСАН) 7,9км, вредност 670 илјади евра.

– МИСЛОДЕЖДА – ЗБАЖДИ 7,3км, вредност 600 илјади евра

– рехабилитација на државен пат ПОДМОЉЕ – СТРУГА – ЌАФАСАН во должина од 19км, 3,5 милиони евра.

– Рехабилитација на Р1301 ХОТЕЛ ГРАНИТ – ПЕШТАНИ должина од 0,7 км, вредност 5 милиони денари.“

Next Post

Спасовски и Апостолска: Владата направи пресврт во поддршката на бизнисите, се испорачуваат реални ефекти

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk