ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Заев на средба со Папандреу: Посветени сме на реформите што се важни за ЕУ

– Договорот од Преспа го отвори вратите кон ЕУ и НАТО и затоа сме посветени на негово целосно спроведување. Граѓаните на двете земји за кратко време ги почувствуваа придобивките од Договорот. Трговската размена со Грција е порасната на 20 отсто, се случуваат повеќе инвестиции, се повеќе компании соработуваат меѓу себе. За нашата економија Договорот донесе бројни придобивки, имаме сериозен и постојан раст на БДП, отворивме 60.000 работни места, бележиме рекорден износ на странски директни инвестиции преку кои ја намаливме невработеноста на историски минимум, потенцираше Заев.

February 10, 2020 14:37
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска се сретна со Јоргос Папандреу, претседател на Социјалистичката Интернационала и поранешен премиер на Република Грција.

На средбата беше разговарано за повеќе актуелни теми, спроведувањето на Договорот од Преспа, евроинтеграциите, како и за процесот на реформите.

– Договорот од Преспа го отвори вратите кон ЕУ и НАТО и затоа сме посветени на негово целосно спроведување. Граѓаните на двете земји за кратко време ги почувствуваа придобивките од Договорот. Трговската размена со Грција е порасната на 20 отсто, се случуваат повеќе инвестиции, се повеќе компании соработуваат меѓу себе. За нашата економија Договорот донесе бројни придобивки, имаме сериозен и постојан раст на БДП, отворивме 60.000 работни места, бележиме рекорден износ на странски директни инвестиции преку кои ја намаливме невработеноста на историски минимум, потенцираше Заев.

Осврнувајќи се на процесот на реформи, претседателот Заев истакна дека СДСМ преку институциите што ги предводи е силно мотивирана на реформите кои се важни за европската интеграција но и за самата држава и нејзините граѓани.

– Посветени сме на реализација на суштински реформи кои се во интерес на граѓаните. Последна потврда за тоа е договорот за Законот за јавно обвинителство. Законот е добар пример преку кој ќе покажеме дека имаме капацитет, дека сме подготвени да носиме битни одлуки. Законот за јавно обвинителство е потребен за да се расчистат целосно сите отворени предмети за сторен криминал и висока корупција, посочи Заев.

Претседателот на Социјалистичката интернационала, Папандреу му честиташе на претседателот Заев за постигнатите успеси на домашен и меѓународен план. Тој порача дека Социјалистичката интернационала останува доследен поддржувач на Македонија во процесот на пристапување во ЕУ и изрази надеж дека новата методологија за проширување на Унијата ќе обезбеди државите кои се посветени на европската агенда, побрзо да се приклучат на Унијата.

Од страна на двајцата соговорници беше изразена подготвеност СДСМ како социјалдемократската партија, повторно да стане дел од Социјалистичка интернационала и дека следуваат интензивни комуникации за пристапувањето да се реализира што побрзо.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Со дефиле на 50 делегации во Скопје започна Европскиот младински олимписки фестивал 2025

July 20, 2025
Фото: Скриншот

Капибара – глодарот кој ја победи агресијата

July 20, 2025

Светски температурен биланс: 49,6 °C во Иран, -74,2 °C на Антарктикот

July 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џабир Дерала назначен за Генерален секретар на НЕПФ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маж се удавил во Охридското Езеро во близина на Струга

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и Николоски со ново видео: Од Климештани до Охрид вклучени околу 1.200 работници, над 400 камиони и повеќе од 100 булдожери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk