Седницата на комисијата за европски прашања каде се разгледува Законот за Јавно обвинителство, прекина за пратениците да учествуваат на седницата за ратификација на Протоколот за НАТО.
Претседателот на Комисијата, Артан Груби извести дека за законот се поднесени два амандмана.
Едниот го поднел пратеникот Сурија Рашиди а другиот Панче Минов, а двете се поврзуваат со членот 110. За продолжување на седницата пратениците ке бидат дополнително известени.
А.Зеќири