ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Санела Шкријељ: Секое дете заслужува да расте во топла атмосфера

-Интензивно работиме на процесот на деинституционализација и го финализираме процесот на трансформација на Домот за доенчиња и деца без родители во Битола. Нема грижа како семејната грижа и секое дете заслужува да расте во топла атмосфера најблиска и налик до семејната, и токму затоа е потребата од нова современа услуга предвидена со новиот закон за социјална заштита која ќе се обезбеди во Центарот за поддршка на згрижувачки семејства, истакна Шкријељ.

February 11, 2020 15:25
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нема грижа како семејната грижа и секое дете заслужува да расте во топла атмосфера најблиска и налик до семејната, изјави Санела Шкријељ, дополнителен заменик министер во Министерството за труд и социјална политика за време на денешната посета во објектот на поренешниот Дом за доенчиња и мали деца во Битола.

Министерката Шкријељ потврди дека објектот е веќе пренаменет во два функционални дела, односно еден дел од просторот ќе прерасне во современ Центар за поддршка на згрижувачки семејства, а во другиот дел ќе има општинска Детска градинка.

-Интензивно работиме на процесот на деинституционализација и го финализираме процесот на трансформација на Домот за доенчиња и деца без родители во Битола. Нема грижа како семејната грижа и секое дете заслужува да расте во топла атмосфера најблиска и налик до семејната, и токму затоа е потребата од нова современа услуга предвидена со новиот закон за социјална заштита која ќе се обезбеди во Центарот за поддршка на згрижувачки семејства, истакна Шкријељ.

На прес-конференцијата во Битола дополнителната заменик министерка упати апел до семејствата во пелагониските општини да станат згрижувачки.

-Апелирам до сите семејства во пелагонискиот регион да станат згрижувачки, а во овој Центар ќе бидат вработени стручни кадри кои што ќе можат да им помогнат и да одговорат на сите потреби на секое дете без родителска грижа. Деинституционализацијата е процес кој помага во сите сфери на општеството бидејќи, од една страна обезбедуваме топла семејна грижа за секое дете, вклучително и децата без родителска грижа, а самиот развој на вакви услуги на локално ниво значи креирање нови работни места, нагласи Шкријељ.

Во новата детска градинка ќе може да се престојуваат и да бидат згрижени околу 80 деца, а Општина Битола интензивно работи на отворање и на други две детски градинки, најави Емилија Костурски, заменик градоначалник на Битола.

-Во соработка со Министерството за труд и социјална политика во Битола ќе отвориме и други две нови детски градинки, едната ќе биде во просторот на поранешната битолска касарна, а втората ќе биде лоцирана спроти ОУ „Св. Климент Охридски“. Со трите нови детски градинки во Битола ќе се обезбедат услови за сместување на околу 500 деца, истакна Костурски и потсети дека во последниве две години Општина Битола изгради нова детска градинка во населеното место Кравари, отворени се три занимални во исто толку општински детски градинки, а по 45 години заборав, во Битола е извршена замена на кровот на детската градинка „Пролет“ и опремени се главните кујни на детските градинки во градот.

Next Post

Кабинет на Царовска: ЕСС работеше согласно Деловник

НАЈНОВО

Над 76.000 пријавени за вакцинација, досега вакцинирани 43.000 лица

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025

Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk