Сириските воено-воздухопловни сили наводно ја планираат својата прва голема набавка на нови борбени авиони во текот на изминатите две декади и има намера да набави голем број на користени борбени авиони МиГ-21 од трета генерација од Египет. Денес Египет е најголемиот оператор во светот со оригиналниот советски дизајн, со стотици во употреба и уште неколку стотици во резерва, иако дури ниту на ескадроните во функција не им се зададени задачи од прва линија.
Со модернизирањето на својата флота, Египет тргна од употреба неколки постари класи на борбени авиони, вклучувајќи ги Ф-16А, Мираж 5 и Ф-4Е, а веројатно барем и дел од МиГ-21 флотата ќе биде заменета во делот кој не е во прва линија со Ф-16Ц борбени авиони, бидејќи првите линии се исполнети со понови МиГ-29М, Рафал и борбени авиони. Египет, исто така, располага и со еден ескадрон на Ј-7 борбени авиони, кинески дериват на МиГ-21, иако останува неизвесно дали Сирија е заинтересирана за овие борбени авиони, или дали се достапни за извоз.
Сириските воено-воздухопловни сили претходно ги постави понапредните МиГ-29 и МиГ-23 борбените авиони и МиГ-25 пресретнувачите за свои елитни борбени авиони, а во 2000те сe движеше во насока на набавка на мал број на МиГ-29СМТ и МиГ-31 борбени авиони – последните безуспешно, а претходните допрва треба да се испорачаат. Околу 8-10 борбени авиони од секоја класа беа побарани од Русија, со тоа што со губењето на советската помош и пристапот до советски авиони и резервни делови по „пријателски“ цени од почетокот на 1990те, сериозно ја поткопаа спосбноста на Сирија да може да си дозволи посеопфатна модернизацијата на флотата.
Меѓутоа, деветгодишниот уништувачки конфликт со милитанти исламистички бунтовнички групи ги пренасочи приоритетите на сириските воено воздухопловни сили од воздушна одбрана против можни израелски и Западни напади – кон сигурен и полесен за одржување начин на спроведување воздушни напади врз џихадистички сили. Оттука, МиГ-21 произлезе како фаворит, кој има способност да прави повеќе прелетувања на ден, не е сложен за летање и не се потребни скапи делови или големи количини на гориво.
Авионот, исто така, има ниска стапка на паѓање, разумни перформанси, со можност да ги надмите Мах 2 брзините, а може и да употреби широк спектар на муниција, вклучувајќи и повеќе гравитациони бомби. Ова го прави подобар од покомплексните дизајни како што се МиГ-29 и МиГ-23. За МиГ-21 денес има голема побарувачка, а со тоа што Египет има намера да тргне од употреба дел од својата флота, куппродажбата можеби би била идеална за двете земји. Каиро, исто така, има интерес да се зајакне сириската флота, поради тоа што многу милитантни групи, вклучувајќи ги придружните сили на Ал Каеда и на Исламската држава, се сметаат за закана по египетската безбедност, како и по безбедноста на нејзиниот сосед.
извор: Military Watch