ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Членството во НАТО влог во иднината на нашата земја

Силна е таа симболика, тој чин на пристапување во најмоќниот безбедносен сојуз во светот, рече Спасовски и посочи на самитот на НАТО во Лондон лани во демекври каде Северна Македонија ја потврди определбата за целосно споделување на принципите за заедничка безбедност, градење силни транснационални односи во Алијансата заснована на демократски вредности како основа за заеднички просперитет и напредок на сите земји членки

February 11, 2020 17:39
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Техничкиот премиер Оливер Спасовски на свечената седница по повод ратификацијата на Протоколот за членство на земјата во НАТО истакна дека по 27 години од првата одлука за членство во НАТО донесена во Собранието, на овој пратенички состав му припадна честа во име на сите нивни претходници во пратеничките клупи и на сите граѓани да го ратификува овој документ, кој е влог во безбедносната иднина на нашата земја.

-Силна е таа симболика, тој чин на пристапување во најмоќниот безбедносен сојуз во светот, рече Спасовски и посочи на самитот на НАТО во Лондон лани во демекври каде Северна Македонија ја потврди определбата за целосно споделување на принципите за заедничка безбедност, градење силни транснационални односи во Алијансата заснована на демократски вредности како основа за заеднички просперитет и напредок на сите земји членки.

Тој нагласи дека аспиранциите за членството во ЕУ и НАТО во изминатите речиси 30 години беа константа како наши стратешки определби, но тоа не беше лесно, рече Спасовски и укажа на одлуките на поранешниот премиер Зоран Заев.

-Историјата се пишува со храбри одлуки, со компромиси. Кога сите мислеа дека нема излез беа преземени чекори што не извлекоа од минатото и безилезот и ни ги вратија нашите аспирации за нашето членство во НАТО и ЕУ во нивна полна реалност.  Во таа насокана во овој чин должни сме да одадеме признание и за работа на мојот претходник Зоран Заев кој за само две и пол години презеде иницијативи кои беа крунисани со успех и кои го овозможија овој денешен настан да биде реалност, а тоа е ратификацијата на договорот, рече Спасовски.

Тој посочи на договорите склучени од Заев со колегите Борисов и Ципрас, кои рече од тотална излоација на меѓународната сцена направија пресвртница и ја вратија С. Македонија на агендата на ЕУ и НАТО и овозможија членство во НАТО.

-Договорот од Преспа го потврди и афирмираше нашиот идентите. Граѓансите на С.Македонија ја поднесоа најголемата жртва. Пратеници во овој состав донесоа тешки но историски одлуки. Не беше едноставно да се помине низ процесот на промена на името на државата. Сепак се согласивме да додадеме географска одредница пред името, а да ги задржиме сите идентитетски обележја на нацијата. Имаме историско решение за сите наши вековни стремежи, кое го зајакна македоннскиот јазик, нашиот идентитет и нашиот народ. Со Грција ги отворивме страниците на пријателство, трасиравме пат за заедничко стратешко партнерство и го урнавме ѕидот што не делеше и изградиме пријателство кое ќе го чуваме и негуваме, рече Спасовски, и потсети дека Грција беше прва земја на НАТО која го ратификуваше протоколот за членство на нашата земја во Алијансата.

Според него, големите визии може да се реализираат само преку акција и храбра иницијатива, а за да ја постигнеме нашата цел, рече, постојано се фокусиравме на градење доверба, креативен дијалог.

-Денес можеме гордо да кажеме дека времињата на несигурност и нестабилност се зад нас. С. Македонија е на јасен чист пат заедно со најсилните сојузи во свет. Одиме по тој пат кој ни обезбедува подобар и повисок стандард, посигурни граници и припадност кон семејство од нации ориентирани кон иднината . Од оваа најголема и благородна цел нема отстапување. РСМ станува 30. земја членка на НАТО, рече Спасовски.

Упати благодарност до сојузниците од регионот, до членките на НАТО кои не поддржаа на патот кон Алијансата.

-Денес можеме слободно да кажеме дека сме горди на постигнатото, остваривме една од стратешките цели околу кои сме обединети. Нека биде така и во однос на втората стратешка определба членството во ЕУ, рече техничкиот премиер Спасовски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

(ВИДЕО) Никогаш повеќе режим

НАЈНОВО

Судот на правдата на ЕУ: Ударот од гром во авион е оправдана причина за големо задоцнување

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025
куче

„Лајка“ полни 5 години: Вдомете куче и почувствувајте го пулсот на хуманоста

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја: Да ја победиш Барселона мора да си перфектен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски одек на локалните избори: Мали партии со „големи пораки“ и тиха битка за јавното мислење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk