Соединетите Американски Држави, во случај да не потпишат никаков договор со Русија за контрола на оружјето, ќе го создадат „најмоќното“ нуклеарно оружје во светот, изјави американскиот претседател Доналд Трамп. Претходно, тој рече дека Вашингтон поседува „супер брзи ракети“ за спротивставување на Русија.
– Во моментов Русија и Кина сакаат да преговараат со нас во исто време за да го прекинеме безумното трошење милијарди и милијарди долари за нуклеарно оружје. Сепак, сè додека немаме таков договор, единственото нешто што можам да направам е создавање на најмоќната нуклеарна сила во светот, истакна Трамп.
Според него, на Америка и се неопходни „супер брзи ракети“, бидејќи Москва веќе поседува такво оружје.
Трамп истакна дека руската страна може да добие информации за соодветни технологии од претходното американско раководство.
Договорот за неширење нуклеарно оружје (СТАРТ-3) истекува на 5 февруари 2021 година. Иако сè уште нема конкретен договор за тоа кога ќе можат да започнат разговорите, американскиот советник за национална безбедност Роберт О’Брајан најави дека Вашингтон би можел да го стори тоа „наскоро“.