Тие еден чекор назад, ние три чекори напред! Нашето место е во ЕУ и НАТО! Заедно направивме пресврт!- рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес конференција, по повод денешната ратификација на Протоколот на НАТО во Собранието на Македонија.
-Од овде, нашата татковина може само напред, никако назад. Нема враќање назад, одиме со крупни чекори напред. Напред кон стабилност и безбедност, напред кон економски раст и развој. Најавите за враќање чекори назад се опасни, антизападни и антидржавни. Најавите за враќање назад се најави за враќање во времињата на изолација, на блокади, на ембарга и вета, на кавги со соседите, времиња на несигурност и неизвесност. Нема шанси- рече Заев.
Нашата држава предолго беше таму, рече Заев, и затоа ние нема да дозволиме повторно да се враќаме назад во мрачното минато.
-Затоа, ги повикувам сите 120 пратеници во Собранието на Република Северна Македонија да бидат на висина на одговорноста што овој историски ден им ја носи. Да се обединат околу она што значи остварување на една од двете стратешки цели поставени уште од независноста, од далечната 1991 година и да го поддржат. Се работи за иднината на сите наши деца. Овде не станува збор за политички партии туку за животот на луѓето, за сегашноста и за иднината- истакна Заев.
https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/227050934993193/